1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Теми

Интер убедливо поразен во Лондон

Италијанскиот гигант беше убедливо поразен на гостувањето кај Тотнем со 3:0. Германскиот Штутгарт беше немоќен пред своите навивачи во дуелот против италијанскиот Лацио

default

Најубедлива победа на синоќа одиграните први натпревари од осминафиналето во фудбалската Лига Европа оствари Тотнем со триумфот над Интер со 3:0. Головите за англискиот претставник ги постигнаа: Герет Бејл во 6.минута, Гулфи Сигурдсон во 16.минута и Јан Фертонген во 53.минута. Вториот претставник од Англија, актуелниот европски првак Челзи загуби на гостувањето во Букурешт од Стеауа со 1:0.

Единствениот преостанат германски претставник во оваа фаза од натпреварување, Штутгарт загуби на домашен терен од италијанскиот Лацио со 0:2. На Лацио му оди одлично во дуелите со германските екипи сезонава. Во претходната рунда, тимот од италијанската престолнина ја елиминираше и Борусија Менхенгладбах.

На останатите натпревари од оваа фаза во ЛЕ беа постигнати следниве резултати:

Базел - Зенит 2:0, Бенфика - Бордо 1:0, Викторија Плзен - Фенербахче 0:1, Анжи - Њукасл 0:0 и Леванте - Рубин Казањ 0:0. Реванш натпреварите се играат на 14.март (четврток).