1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Теми

Интер се сопна на Германците

Шалке и Реал Мадрид се пред пласман во полуфиналето од Лигата на шампионите откако во првите четвртфинални дуели славеа убедливи победи против Интер и Тотенхем. Вечерва ќе се одиграат вторите четвртфинални средби.

Интер декласиран на „Џузепе Меаца“

Интер декласиран на „Џузепе Меаца“

Во спектакуларен натпревар на „Џузепе Меаца“ Шалке го совлада бранителот на титулата во Лигата на шампионите, Интер, за кој не настапи македонскиот репрезентативец Горан Пандев. Убедливи 5 спрема 2 одиграа фудбалерите на Ралф Рањик пред реваншот во Гелзенкирхен.„Што да се каже по една ваква игра? За гледачите беше фантастичен натпревар, ни малку не беше здодевен. На крајот можеше да биде 5 спрема 10 или 4 спрема 8. За нас беше грандиозна вечер“, изјави Рањик.

Шалке славеше против Интер

Шалке славеше против Интер

Натпреварот не почна розово за Шалке. Станковиќ го постигна првиот погодок за „неуроаѕурите“ уште во 26 секунда од натпреварот од 50 метри, а Интер поведе и со 2:1. Германците сепак убедливо го совладаа европскиот првак, кој со голема веројатност ќе биде елиминиран од натамошниот тек на натпреварите. Покрај Станковиќ, вториот гол за Интер го постигна Диего Милито. Во првото полувреме изедначуваа Џоел Матип и Еду, а во вториот дел Шалке поведе преку Раул Гонзалес, автоголот на Андреа Ранокиа и Еду.

Реал подобар од Тотенхем

Реал подобар од Тотенхем

На „Сантијаго Бернабеу“ во Мадрид пак, Реал оствари победа над Тотенхем со 4:0. Стрелци на головите за „кралскиот клуб“ беа Емануел Адебајор, Анхел Ди Мариа и Кристијано Роналдо. Гостите од Тотенхем од 15- та минута играа со играч помалку, бидејќи беше исклучен Питер Крауч поради два жолти картони.

На 13 април се реванш натпреварите во Тотенхем, односно во Гелзенкирхен.

Вечерва ќе се одиграат и вторите четвртфинални средби во Лигата на шамопините меѓу Челзи и Манчестер Јунајтед и Барселона и Шахтјор.

Автор: АТ/ СН/ дв/ миа

Редактор: Жана Ацеска