1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Панорама

Интерпол се вклучува во аферата со опасните силиконски имплантати

Меѓународната полициска организација издаде налог за апсење на основачот на фирмата за силиконски имплантати ПИП. Се смета дека 72- годишниот Жан Клод Мас е во Костарика, се вели на интернет страницата на Интерпол.

default

Фотографија на Жан Клод Мас објавена на страницата на Интерпол

Во скандалот со силиконските имплантати, опасни по здравјето, француските власти вчера (23.12.2011) им препорачаа на околу 30 илјади засегнати жени да ги отстранат силиконските имплантати на фирмата ПИП од градите. Ова е препорачливо, иако засега не утврден зголемен ризик од рак, соопшти француското министерство за здравство.

Frankreich Brustimplantat von PIP

Опасните имплантати на ПИП

Една ваква државно иницирана акција во областа на пластичната хирургија за разубавување немало никогаш досега. За најголем дел од имлантатите за гради француската компанија ПИП користела евтин силиконски гел, а не скапиот медицински гел. Од 2010 година фирмата повеќе не постои.

Денеска Меѓународната полициска организација - Интерпол, се вклучи во скандалот издавајќи меѓународен налог за апсење на основачот на фирмата ПИП, Жан Клод Мас.

72-годишниот Мас, чии податоци со фотографија се објавени на интернет страницата на Интерпол, е ставен на списокот лица по кои трага меѓународната полиција во Костарика поради обвинувања за загрозување на „животот и здравјето“.

Автор:СН/ЕМФ/дпа/афп/миа

Редактор: Е. М. Фиданоска