1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Македонија

Интерпелација за Ставрески

Македонскиот парламент расправа за интерпелација на заменик-претседателот на Владата и министер за финансии Зоран Ставрески, поднесена од пратениците од ЛДП и Нова алтернатива.

default

Зоран Ставрески

Колку растела економијата во време на владеењето на ВМРО-ДПМНЕ, а колку кога на власт бил СДСМ, колкави стапки на невработеност остварувала земјата во мандатот на овие две спротивставени политички опции, кој повеќе ја задолжил земјата? Во судир на аргументи за докажување на овие дилеми

се претвори собраниската дебата за интерпелација на министерот за финансии и вицепремиер Зоран Ставрески.

Опозицијата има бројни забелешки на неговата работа. Дел од нив обелодени престедалот на ЛДП Јован Манасиевски.

„Г-не Ставревски кај што не ве бива да го соберете тоа што треба да го соберете, Вие трошите 35 милиони евра или 20 проценти повеќе во јануари годинава од јануари лани. Ако продолжите вака нас не‘ очекува дефицит од 400 милиони евра.“

Клучните гревови на Ставрески

Целосно промашен ребаланс на буџетот за минатата година, засилено и необмислено

Mazedonien Das Parlament in Skopje

задолжување на земјата во странство, ненаменско трошење на државните пари, непочитување на Собранието - се клучните гревови кои иницијаторите на интерпелацијата му ги препишуваат на Ставрески.

„Вие се покажавте неподготвен да вршите проекции за македонската економија“, кажа Марјанчо Николов од СДСМ.

Пратениците од владеачкото мнозинство го бранат својот сопартиец со контраобвинувања за последиците од транзицијата за кои виновни ги сметаат социјалдеморатите. Ивица Георгиевски од ВМРО ДМНЕ потсети на стечајците.

Министерот од кого опозицијта бара да си замине од функцијата направи паралела во неколку економски параметри

„Во годините кога СДСМ беше на власт просечниот економски раст изнесува 1,1 процент. Кога ВМРО ДПМНЕ е на власт економскиот раст е 2, 7 %. Трипати поголем раст е остварен кога ВМРО ДПМНЕ ја формира Владата“, рече министерот.

Опозицијата предупредупредува дека владата води лоша економска политика што ја води земјата во длабока криза.

Прогнозите на владата се дека македонската економија во 2010 ќе оствари раст на брутодомашниот производ од 2 процента. Меѓународните економски фактори сметаат дека оваа проекција е преоптимистичка и оти економијата на Македонија годинава нема да забележи раст.

Автор: Горан Петрески

Редактор: Елизабета Милошевска Фиданоска