1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Македонија

Интерпелација за проектот „Луково Поле“

Опозицијата во албанскиот парламент бара одговорност од владата, обвинувајќи ја дека се согласила со изградбата на проектот „Луково Поле“ во Македонија, со што им наштетила на државните интереси

Во интерпелацијата што ја побара опозицијата во Собранието на Албанија, шефот на албанската дипломатија Дитмир Бушати ги отфрли тврдењата на екс премиерот Сали Бериша дека владите на Албанија и Македонија имаат договор за реализација на проектот „Луково Поле“.

„Го повикувам јавно Бериша да ги обелодени спогодбите за кои говори ако нив ги има“, подвлече албанскиот министер. Тој истакна дека Албанија треба да покаже дигнитет и дека до овој момент Радика не е меѓудржавен проблем.

„Постои идеен проект, кој за да се подигне на ниво на проект за реализација треба да има физибилити студија. Потоа ќе се бара согласност од државите во кои би функционирал, но и од финансиерот, за што Светската банка отворено кажа дека нема да финансира проекти за кои немаат согласност инволвираните страни. Со меѓународните норми и Конвенции кои се потпишани од Албанија и Македонија не се дозволува девијација на води“, истакна Бушати пред пратениците. Во интерпелацијата за проектот „Луково Поле“, Бушати ја обвини опозицијата дека се обидува да манипулира и побара од неа да престане со обвинувањата за кои нема основа.