1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Македонија

Интерпелација за министерот за правда

Македонскиот парламент денеска расправа за интерпелацијата за министерот за правда Михајло Маневски, што ја поднесоа 23 пратеници од опозицијата.

default

Македонското Собрание

Пратениците од опозицијата во образложението наведуваат дека интерпелацијата ја поднесуваат поради непотизам во судството, неправилности во финансиското работење на Министерството за правда, скандал со узурпирано земјиште во општествена сопственост, екстремно лошите услови во македонските затвори и политичкиот притисок врз работењето на судиите.

Министерот за правда Михајло Маневски ги отфрли наводите во интерпелацијата на опозицијата како неосновани и рече дека тие не можат да го доведат во прашање досегашното негово работење. Тој во одговорот на интерпелацијата посочи дека во октомври 2009 година Република Македонија доби позитивен извештај од Европската унија за сите области и дејности и ги исполни критериумите за добивање датум за преговори за полноправно членство во Унијата. Маневски истакна дека се вложени напори за подобрување на ефикасноста на судството, а судскиот буџет е зголемен.

Автор: ЕМФ/АТ/миа

Редактор: Александра Трајковска