1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Интерактивно

Интернет правилник на Дојче Веле

Дојче Веле нуди можност за размена на мислења и дискусии преку интернет-страниците, Фејсбук профилот, Твитер и други социјални мрежи. Пријателската и воздржана интеракција на корисниците е многу важна за нас.

default

Кога учествувате во дискусии, ве молиме да задржите фер и објективен тон, дури и при разлики во мислења. Ве молиме да ги прифатите мислењата на другите корисници и да се воздржите од лични напади. Однесувајте се кон другите корисници, така како што сакате да се однесуваат кон вас. Одбегнувајте пишување со големи букви, затоа што тоа може да се интерпретира како агресивност. Исто така одбегнувајте повторна употреба на интерпункциски знаци како: ??????? или !!!!!!!.

Доколку цитирате други корисници или проминентни автори во вашите коментари, ве молиме јасно наведете го изворот. Кога цитирате од авторски материјал, бидете сигурни дека имате право на тоа. Доколку не сте сигурни дали го имате тоа право, подобро е да се воздржите од цитирање на авторски материјал. Ова се однесува не само на текстови, туку и на фотографии, видеа, музика итн.

Ќе го избришеме и пријавиме секој облик на дискриминација, клевета, величање на насилство, порнографија, расизам, хушкање и нетрпеливост кон странци. Ве молиме воздржете се од политички апели од секаков вид. Провокативни и запалливи коментари не се дозволени.

Врзани писма, „џанк“ и „спем“ е-пошта, реклами и други активности од комерцијална природа, исто така не се дозволени. Коментарите кои содржат вакви активности ќе бидат веднаш избришани. Дојче Веле го задржува правото да блокира или пријави корисници кои постираат вакви содржини.

Објавување на лични информации, како адреси на електронска пошта или телефонски броеви, не е дозволено. Содржини на приватна електронска пошта или пораки од трети лица не смеат да се објавуваат без нивна согласност.

Имајте предвид дека коментарите треба да бидат тесно поврзани со новинарската тема која ја нудиме. Ве молиме одбегнувајте коментари кои не се однесуваат директно или индиректно на темата.

За да ги користите и коментирате на страниците на Дојче Веле, регистрација не е потребна. Дојче Веле го задржува правото да избрише, отстрани или затвори коментар на било која тема. Тоа се однесува и на коментари кои немаат врска со новинарската содржина.

Користејќи ја нашата рубрика за коментари или учествувајќи во нашите социјални платформи како Фејсбук, Твитер итн., ја давате вашата согласност со правилникот на Дојче Веле.

Уживајте!