1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Македонија

Интервју со амбасадорот Ѓорѓи Филипов

Македонскиот амбасадорот во Берлин Ѓорѓи Филипов во интервјуто со Нада Штајнман зборува за проблемот со името и за влезот на Македонија во Европската унија.

default

Амбасадорот Филипов и германскиот претседател Келер

ДВ: Вие сте претставник на Македонија во германскиот главен град и одблиску го доживувате политички Берлин. Какви се ставовите на германската сојузна влада во однос на Македонија и нејзиното можно пристапување кон ЕУ односно започнување на преговорите?

Филипов: Кога зборуваме за Сојузна Република Германија за нејзината моќ се гледа дека нејзините ставови се’ почесто се ценат. Во однос на Република Македонија на сите средби досега што ги имале нашите претставници од државниот врв, дали се работи за претседател на држава, за врски меѓу премиерот и канцеларката, одредени министерства, парламентарни групи, сите досега отворено ја поддржале Република Македонија кон полноправно членство и во НАТО и во ЕУ. Германците преферираат проширувањето на НАТО да биде во пакет со трите држави, Македонија, Хрватска и Албанија. Во однос на Република Македонија покрај стандардните критериуми од аспект на воената подготвеност се инсистира и на континуитет на политичкиот дијалог, на политичката култура. Се разбира дека нашите пријатели од Германија знаат да не потсетат и на тоа дека членството во еден сојуз подразбира понатаму и користење на бенифиции од тоа членување. Тие потсетуваат дека за да се влезе во еден клуб треба да се исполнат одредени услови и треба да се согласат сите членови на тој клуб. Тука се наметнува сега тоа прашање околу, да ги наречам се’ уште под наводници, заканите за зачленување на Република Македонија во НАТО доколку не се реши проблемот со признавањето на нашето уставно име од страна на Република Грција. На последниве средби воопшто се нагласува дека земјите би требало да имаат добрососедски односи иако тоа може да биде толкувано на најразлични начини. Ако земеме многу земји дури и внатре во Европската унија имаат по некое проблемче, а и какви соседи би биле ако секогаш се’ е во ред, да се префрлиме на обичниот живот. Сите имаме по некој проблем со соседот, меѓутоа знаеме дека ако се случи нешто непријатно, прв е тој што ќе дојде да ни помогне, и знаат претставниците на земјите членки на ЕУ и НАТО тоа некогаш и да го признаат во шега, меѓутоа да потсетат дека тие се веќе во клубот па лесно им е да расправаат за тоа. Тоа е исто како кога полагате за возачка дозвола, па ви велат ова правило, тоа правило, па после откако ќе положите некогаш и не ги почитувате, но не ви ја одземаат веднаш дозволата.

Како во сегашнава ситуација, секогаш се работи за полтички одлуки, како што имаше и други примери со земјите што пред Македонија влегоа во ЕУ. Каква е политчката констелација која можеби ќе говори во полза на Македонија или не? Дали е поволна политичката констелација со оглед на она што се случува на Косово и донесувањето на одлуките за Косово?

Политичката констелација во моментот е таква што сите очекуваме дека ќе настане некакво разрешување на прашањето околу Косово. Најверојатно како што се навестува тоа ќе биде многу слично ако не и идентнично со планот на Ахтисари. Германија ќе биде една од земјите коишто, минситерот Штајнмаер јавно изјави дека ќе ја признаат таквата независност на Косово. Се разбира дека решавањето на проблемот на Косово ќе биде многу олеснето доколу околината односно соседните земји и соседството и политички и економски и да речеме воено биде подготвена за едно такво решение. Многу е значајно Република Македонија и Албанија да бидат дел од НАТО семејството. Сметам дека поволно делува таа ситуација.

Извештаите на европската комисија донекаде беа и негативни. Меѓутоа дали според Ваше мислење, оваа сега новонастаната политичка констелација говори во прилог на тоа дека наскоро ќе се отвори патот на Македонија кон ЕУ?

Ако земеме кога го почнаа процесот другите земји 1995, 96, 93 година Бугарија итн. Ние сепак го почнавме многу подоцна од нив, и некако природно сепак се одвиваат работите, иако нам многу ни се брза. Сметам дека оваа година Република Македонија ќе ги отпочне преговорите со ЕУ, без разлика дали тоа ќе биде на крајот од словенечкото претседателство или на крајот од фрнацуското претседателство.

Вие како амбасадор се движите во амбасадорските кругови и најчесто таму се подготвуваат политичките одлуки?

Распложението Словенците јавно го кажуваат секаде, дека тие се за имплементација општо на целиот Балкан во ЕУ. Сметам дека и Франција ќе си одигра свој дел иако досега беше можеби релативно неактивна бидејќи чекањето на претседателските избори и долгото претседавање на Жак Ширак си го направија своето. Јас лично имав разговор со еден од твореците можеби на самата Европската унија и идејата за развој на ЕУ, Жискар д’Стен. Жискар д’Стен рече дека па вие од Македонија не се плашете, ова е само едно мало епизодиче од еден долг, долг филм што се вика Европска унија и Европа и на крајот можеби некаква светска унија. Тоа е една епизода. Не се лутите толку на Франција и Холандија. Тоа гледајте го само како една епизода. Местото на Македонија и на останатите балкански земји е во Европа и таа таму ќе биде.

Каков став зазема политички Берлин во однос на прашањето за името?

Знаете за одлуката, препораката на Бундестагот донесена во 2004 година во октомври, во којашто гермаснкиот Бундестаг и препорачува на Владата на Сојзуна Република Германија да и се обраќа на Република Македонија со нејзиното уставно име. Германија би сакала да не постои тој проблем, бидејќи гледа дека други проблеми меѓу Република Македонија и Република Грција не постојат. Свесни се дека особено во последно време дека проблемот станува сериозен и тоа ни го потенцираат. Ако досега гледавме дека тој проблем е обична соседска зајадливост може да биде и сериозен и тоа ни се кажува во случај на приемот во НАТО, особено ако не биде приемот односно поканата, но подоцна ретификацијата. Ним би им било најдраго тој проблем меѓу овие две држави да не постои. Германците не повикуваат да се воздржуваме од провокации. Јас секогаш инсистирам, дали тоа го правите и кон Грците Да велат и нив ги повикуваме исто така да се најде решение. Не двоиме воопшто дали се тоа Грција или Македонија.

Господине амбасадоре вие работите за Македонија, одовде од Германија. Има ли мудри предлзои од Ваша страна, како во вакви компликувани ситуации би требале да се бараат решенијата и како да се постапува?

Јас се обидувам да наметнам овде една наша политика, да ја наречам политика на мудроста, бидејќи сме мали немаме, ниту сила ниту оружје, не можеме да наметнеме политика на сила, и политика на тоа дека ние сме огромни и ќе се однесуваме арогантно и секој мора да знае каде се наоѓа Република Македонија. Не, одиме обратно малку политика на мудрост, да потсетиме дека сме ние мали но дека сме големи во однос на културното наследство, односно историското наследство.

Вие како човек што имате дистанца и го гледате целиот процес и однадвор, каков менаџмент на мудроста им препорачувате на Македонците?

Можеби нешто можеме како Македонци да научиме од оваа германска историја и да се потсетиме дека нашата историја голем дел во таа временска историја, временска дистанца, Македонија немала своја држава, меѓутоа информацијата, кодот за постоење на нацијата, на колективот, на ентитетот Македонија опстанал и сега кога доаѓа време за експликација на тој идентитет во европското семејство на народи и воопшто во светското семејство на народи и културно наследство, дека треба многу мудро да ги пласираме нашите вредности.