1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Панорама

Интерактивен шкаф за облека

Студент по информатика од Бремен направи ап-дигитален шкаф за облека. Апот Мун ги знае сите термини и временската прогноза и потоа предлага што да се облече.

Мартина од Бремен е бизнисменка и е добро организирана. Само едно прашање ја мачи секое утро - што да облечам денеска?

Нејзиниот пријател Себастијан Бајнс можеби има решение. Тој го создаде Мун, ап за шкаф за облека. Апот ги знае сите термини и временската прогноза и потоа предлага што да се облече. Но, дали дигиталниот советник има вкус?

„Да, тој има вкус, кој се базира на познатите правила за облекување, се раководи од наједноставни правила - колку шари смеат да се комбинираат, кои бои одговараат една со друга. Сето ова може и натамошно да се подобри - системот и натаму е отворен за развој“, вели Себастијан.

„За апот да знае каква облека имате, секое парче мора посебно да се фотографира и на системот да му се каже дека една блуза е блуза. А, за дигиталниот шкаф за облека да го направи изборот, постои мала техничка помош.

„Системот преку приемник распознава која облека е во шкафот со помош на мала жичка, која има улога на баркод“.

Значи, во апот се крие многу техника, која нуди и ваква префинетост: каде да ја најдете крпата ви покажува светлосен сигнал. Апот може да им користи првенствено на оние со богата гардероба.

„Ова не е масовен производ. Целна група за која го развивме се богатите луѓе, зашто на тој начин можеме да добиеме најмногу пари за хардвер и за целосна опрема и да вршиме истражувања, по што целата работа можеме да ја пренесеме и на други целни групи“.

Ако се очекува дожд, дигиталниот шкаф за облека на Мартина не и‘ предлага лесни чевли, туку задолжително носење чадор. Штета што апот Мун досега е само еден прототип.