1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Македонија

Интензивни разговори по последниот предлог на Нимиц

Македонскиот политички врв уште не се изјаснува и го подготвува одговорот на предлогот на Метју Нимиц за решавање на спорот со Грција.

default

Македонскиот државен врв сеуште молчи по последниот предлог на Нимиц

Македонскиот државен врв молчи. Претседателот Бранко Црвенковски, премиерот Никола Груевски и шефот на дипломатијата Антонио Милошоски ќе ги продолжат консултациите, но ќе се чека и амбасадорот Никола Димитров, вели владиниот гласноговорник Ивица Боцевски.

Властите од Скопје очигледно се определија за тактика прво да ја чујат реакцијата од Атина. Сепак весниците во Македонија објавуваат: Утрински весник пишува дека премиерот би бил резервиран кон предлогот на Нимиц, барајќи референдум. Дневник на својата насловна страница објавува дека Груевски е негативно расположен кон името Република Македонија во заграда Скопје на англиски јазик. Вечер пак го критикува претседателот Црвенковски зошто бил против референдум и барал Груевски сам да донесе политичка одлука за името.

Пакетот на Нимиц инаку содржи: Името Република Македонија во заграда Скопје со англиска траксрипција. 120те држави што досега ја признаа Македонија под уставно име не се обврзани да ја нарекуваат со новото име. Зборот македонски ќе може слободно да го користат двете страни. Во планот на Нимиц има и други мерки на взаемна доверба и добрососедство.

DW.COM