1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Македонија

Интензивни консултации околу предлогот на Нимиц

Македонскиот државен врв во потрага по консензус со кој ќе се одговори на предлозите на медијаторото Нимиц и Атина. На консултации се собрани партиските лидери од власта и опозицијата.

default

Бранко Црвенковски, претседател на Македонија

Демократска Република Македонија или Независна Република Македонија - тоа се двете единствено прифатливи имиња од петте што алтернативно ги понудил Метју Нимиц на атинската рунда, грчко - македонски преговори. Што се однесува до другиот дел од пакетот на Нимиц, за Македонија е опсано да ги смени пасошите со новото име што практично би значело и поништивање на уставното во меѓународната комуникација. Државно владиниот врв е во мобилизација на партиската но и политичката јавност да не се менува уставното име под притисок на Грција и пред членството во НАТО. Може и да не се добие покана на следниот самит, тоа би било лош сигнал за Македонија но не би било трагично, оценка на шефот на државата Бранко Црвенковски. Претседателот во неформална оценка се заложил за продолжување на дијалогот со Грција и да се презеннтираат аргументите, зошто би се менувало уставното име во билатералните односи со 120 земји што веќе ја признаа Република Македонија? Нимиц според Црвенковски излегол од мандатот. Главен проблем е дали референцата ФИРОМ се заменува со ново име во меѓународните организаици НАТО, ОН, ЕУ или е тоа целосна промена на името што значи и менување на уставот. Во таков случај референдумот би можел да биде организиран во Македонија, но со јасно прашање. Претседателот Црвенковски денеска (21.01.08) учествува и на меѓулидерската средба на која се бара и општопартиски консензус за одговор на планот на Нимиц. Ние сакаме во НАТО но не и по цена на уставното име, реагираше и шефот на македонската влада. Никола Груевски пред меѓулидерската средба рече дека го форсира референдумот како против мерка. „Сакам да спречам некои неодговорни политичари коишто можеби не го кажуваат тоа јавно, нивните намери со гласање во парламентот да помине промена на името.“ Експертите во Македонија се против референдумот како одбранбен механизам во преговорите со посредникот Нимиц и властите во Атина. Некои од нив предупредуваат од можна изолација на земјата.

DW.COM