1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Панорама

Интелигентна облека

Како пациент кој има срцеви проблеми да знае дека е преоптоварен? Како луѓето кои живеат сами да добијат брзо помош во случај на бесознание? Одговорот на овие прашања лежи во облеката, односно во интелигентниот текстил.

default

Како пациент кој има срцеви проблеми да знае кога е преоптоварен? Како пациенти кои се на рехабилитација дома можат да проверат дали се движат како што треба, иако во близина нема физиотерапевт? И како луѓето кои живеат сами, во итен случај, како паѓање во бесознание, да добијат помош навреме?

Кристијан Хофман од Фраунхофер-институтот за микроелектроника одговорот на сите вакви прашања го бара во облеката. Тој работи на пронаоѓање иновативен текстил, во кој се вградуваат електроди и високо чувствителни мерачи.

„Ние примарно мислиме на вежбите за движење, на пример во процес на рехабилитација, кога пациентите се дома и прават вежби, а сакаат да имаат повратна информација дали вежбата ја прават како што треба. Вообичаено инаку тие треба да одат кај некој терапевт и таму да прават вежби, а терапевтот им дава повратна информација. Со нашата јакна е можно корисникот дома да вежба, а од дигиталниот фитнес-придружник да добие информација дали ја направил вежбата како што треба и како да се подобри“, објаснува Хофман.

Хофман во јакната има вградено единаесет сензори. Прототипот се вика фитнес-асистент. Јакната треба исто да изгледа и да биде исто толку комотна како нормална тренерка. Податоците од јакната се пренесуваат преку блутут.

MEDICA Sensor

Сензорите го мерат пулсот и оптовареноста на срцето

Научниците во институтот работат пет години на развој на интелигентен текстил. Хофман смета дека неговата иновација има голем потенцијал.

Сензорите во новата маица на Хофман, за разлика од останатите мерачи на пулс, не го мерат само отчукувањето на срцето, туку и дишењето. На тој начин многу попрецизно може да се процени колку може да се оптоварат спортистите и пациентите кои се рехабилитираат.

Тестовите покажуваат дека фитнес-маицата може да се произведува сериски. Хофман вели:

„Системот функционира, што се однесува до технологијата. Потребен ни е уште производител за сето тоа да го извади на пазарот.“

Додека се стигне дотаму Хофман и неговите соработници ќе конципираат натамошни „умни“ текстилни производи, како теписи со сензори за притисок или костуми за пожарникари кои преку сензои однадвор набљудуваат што може да се спаси од куќа која гори. Можностите се чинат речиси неограничени.