1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Македонија

Интегрирањето на Македонија во ЕУ на политичко и техничко ниво

Дане Талески соработник во институтот за демократија на асоцијацијата Цивилис од Скопје со Нада Штајнман разговара за тоа зошто Македонија бавно се движи на патот кон ЕУ и што значи Охридскиот рамковен договор за земјата.

Скопје

Скопје

Зошто процесот на интеграција на Р. Македонија во ЕУ и покрај сите напори, како на пример спроведувањето на Охридскиот договор, се одвива бавно?

Дане Талески: Македонија доби статус на земја кандидат за членство за Европската унија, затоа што го имплемнтираше Рамковниот договор, скоро во најголема мерка, кога го доби тоа. Така што тоа ја покажува важноста на стабилноста и добрите меѓуетнички односи кои ЕУ и ги препишува на Македонија. Зошто одиме многу поспоро отколку Хрватска на пример, е заради слабите капацитети на јавната администрација во Р. Македонија. Пред извесен период видов вест, дека на Македонија ќе и бидат потребни близу 630 милиони евра, и да вработи преку 2000 луѓе за да може да ги исполни сите обврски кои ги има и ги создава рамката на ЕУ, за да може да бара сериозно членство во ЕУ. Така да тој процес трае и ќе мора да го завршиме. Не само на политичко ниво, преговарањето меѓу македонските лидери и лидерите на ЕУ, туку и на едно техничко ниво ќе мора да се усогласат и законите и процесите и што е уште поважно тие да бидат имплментирани во пракса. Не вреди да донесете само еден закон да речеме за стандарди во производството на прехрамбени производи, ако тој закон потоа не се почитува. Наједонставно кажано проблемот на слабата динамика на интегративните процеси на Република Македонија, најгорливиот пројблем е слабата структура и капацитет на јавната администрација.

Рековте дека стабилна Макеоднија не е важна само за Македонија туку и за регионот односно меѓународната политика. Пет години по Охридскиот договор, дали можеме да кажеме дека Рамковниот договор придонесе државата да биде стабилна или сеуште постојат знаци на фрагилност?

Дане Талески: Во балканско опкружување стално постојат знаци на фрагилност. Мое лично мислење е, дека и анкетите и моменталната политичка ситуација покажуваат дека има реални придобивки после тој процес на имплементација на Рамковниот договор за стабилноста и безбедноста во Р. Македонија. Да речеме во Македонија повеќе не се зборува за постоење на некакви вооружени групи. Секоја употреба на оружје и експлозивни средства многу јасно е поврзана со криминалната позадина на тие акти. Нема никаква политичка позадина. Нема политичка позадина, бидејќи сите барања на етничките заедници пред се‘ на Албанците, се на некој начин апсолвирани или може да се внесат преку институциите на системот. Тое е тоа што ја создава стабилноста. Друг елемент, кој го донесе Рамковниот договор, а исто така е гарант за стабилноста, сакале да го знаеме тоа или не, е присуството на претставниците на ЕУ и на амбасадата на САД во македонската внатрешна политика. Тое не нешто дека тие луѓе се мешаат оти сакаат, туку едноставно ние ги бараме да се мешаат. Направете една анализа на однесувањето на лидерите на разчлични политички партии, кога имаат некој проблем во политиката една од адресите каде одат се странските амбасадори. Значи никој не им сугерира да одат таму, тие самите одат да бараат помош. Тоа го направи ДУИ тие заминаа дури и во Брисел, исто така и ВМРО ДПМНЕ кога беа во опозиција. Тоа еден тип на однесување на нашите политички елити кое демонстрира отсуство на некоја политичка волја и друг тип на политичка култура. Неместо да се седне заедно да се најде решение имаме потреба некој друг да не смирува. Македонија реално е вклучена, со процесот на интегрирање во ЕУ, незнам колку луѓето кај нас се свесни за тоа, дека со тој процес веќе има дадено сигнал, дозвола дека се согласуваат сувереноста да им биде лимитирана. Со членство во ЕУ тоа уште повеќе ќе се чувствува кога законите нема да бидат созадавани од Скопје туку од Брисел.

После пет години од Охридскиот договор време е да се направи ретроспектива, односно да видиме што е постигнато во овие години. Како Вие би ги дефинирале резултатите на Охрдискиот договор?

Дане Талески: Формално правно земено голем дел од обрврските кои ги препишуваше Охридскиот договор се завршени и имплементирани, речиси сите. После оваа пет годишнина, реално би било за него да се зборува како еден историски документ. Неговата политичка важност е апсолвирана со промените на Уставот на Република Македонија и со доенсувањето на новите закони. Понатамошните обврски, имплемемнтацијата на рамката која ја создаде Охрдискиот договор со пормените во Уставот и новите закони, допрва ќе биде имплемнетирана во пракса. Првичните резултати од таа имплементација се дека во однос на идејата која ја промовира Охрдискиот договор, за поголема застапеност на малцинските групи, нивно поголемо учество во јавниот живот како и поголема употреба на нивните колективни идентитети, создаваат различни перцепции кај Македонцие и кај Албанците, како групи на луѓе кои живеат во Р. Македонија. Додека Албанците во голема мера гледаат дека Охрдискиот договоро во голема мера ја гарантира сигурнсота и стабилноста во Р. Македонија, голем дел од Македонците не се согласуваат со тоа. Најголем дел од конфликтот доаѓа од нерамномерната распределба на ресурси по Рамковниот договор, бидејќи голем дел од она што го донесе договорот е за припадниците на малцинските заеднци вработување во јавната админситарција, која и онака е превработена. За да се создадат места се отпуштаат најчесто Македонци. Тој момент создава еден вид на тензичност. Од друга страна, тоа и неможе да биде направено на друг начин. Треба да се создаде повеќе место во јавните институции за припадниците на малцинствата, без да се зголеми вкупната бројка, туку истовремено да се намалува.

Во процесот на воведување на законите од Охрисдкио договор, во процесот на спроведувањето на договорот, доживеавме различни фази, кога или Албанците или Македонците чувствуваа повеќе поврџаност со воој закон, односно кога го припаќаа или го одбиваа. Каоо тоа се движеше во последниве пет години?

Дане Талески: Изминативе пет години испитувањето на јавното мислење покажува дека на почетокот кога беше донесен договорот имаше значителна поддршка од двете етнички заедници и целата јавност во Република Македонија. Тоа е така од две причини, засебни се причините за Македонците и Албанците. Албанците го видоа како реализација на нивните барања. Македонците го видоа многу попримарно, како инструмент кој ќе ја запре војната која се развиваше во Македонија, и заради кој ќе нема крвопролевање. Во процесот на имплементација ставовите на двете етнички заеници се разделија. Додека голем дел од Албанците одколи 90 посто силно го подржуваат договорот, кај Македонците некаде околу 30 до 40 проценти имаат позитивен став кон договорот. Причините се неколку, првата е интерпретацијата на политичките елити на процесот на имплементација на политичкиот договор. Бидејќи и албанските и македонските политички елитеи зборуваа една реторика, во периодот кога се имплементираше договорот, на добитници и губитници. Цело време овој процес се одвиваше, како нешто што Албанците ќе добијат плус, а Македонците треба да им дадат. Така да, во таа смисла беше погрешно објаснет и погрешна беше комуникацијата од страна на политичките елити, бидејќи ако така се постави работата јасно беше, ова не е договор кој нешто им одзема на етничките Македонци во Македонија, туку нешто се дава не само на Албанците туку и на другите помали етнички заедници. Тоа створи една слика дека постои конфликт меѓу политичките партии,а реално кога беа собрани на една маса се трудеа да ги успогласата ставовите и да најдат заедничко решение. Повеќе беа кооперативни на тие преговорои отколку конфликтни. Но друго е каков одно имаа со јавноста.

Во овој период имаше повеќе различни влади, меѓутоа каков е одност на граѓаните како Албанците така и Македонци, нивната доверба кон државата односно институциите на државата, во оние што ја водат претседателот, премиерoт?

Дане Талески: Многу интересно прашање, бидејќи човек кога не би го проучувал јавното мислење, не би имал увид во анкетите мисли дека постојат различни ставови кај Албанците и Македонците. Истражувањата на јавното мислење покажуваат дека не е така. И Македонците и Албанците имаат исти погледи и ставови кон јавните институции, без оглед на тоа која политичка партија била на власт или кој политички лидер. Осцилацијата на мисилењата и ставовите и кај Македонците и кај Албанците одат парлалено. Интересно е што кај двете етнички групи имаше голем пад на довербата во јавните институции за време на конфликтот во Р. Македонија, и после конфликтот нагло расте довербата. Но во последните четири пет години континуирано таа доверба паѓа и во палрламентот, и во владата и во претседателот, што значи дека политичките идентитети кои ги исполнуваат тие јавни институции кои ги пресонифицираат не се релевантни за ставовите на граѓаните. Она што е релевантно за нив е производот, резултатите кои тие јавни институции ги носат. Падот на доверба и кај Македонците и кај Албанците покажува дека луѓето не се задволни со работата на тие јавни институции, без оглед од која политичка партија била владата, или составено мнозинството во парламентот. Тоа се гледа и во друго прашање што најголем дел од граѓаните во Р. Македонија без разлика на нивната етничка припадност издвојуваат две прашања кои се најприоритертни и кои се најгорливи а тоа е слабиот развој на економијата, невработеноста и сиромаштијата. Само еден процент од граѓаните на Република Македонија во овој момент мислат дека има проблем со меѓуетничките односи.