1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Македонија

Интеграција на лицата со посебни потреби - ѕидот полека се руши

На трети декември се одбележува Денот на лицата со посебни потреби. Во Македонија има неофицијално околу двесте илјади лица кои живеат со одредена попреченост. Ѕидот околу нив полека се руши, но тие научиле да чекаат.

default

Со години иста слика. На лицата со посебни потреби повеќето се сеќаваат на нивниот меѓународен ден. Пред и по тоа се препуштени на самотијата, неизвесноста, проблемите и се’ уште присутната дискриминација. Работите во општеството за нив се движат бавно, а тие немоќно, чекаат друг да им помогне и полека да се отвори светот и за нив.

Во понеделник се очекува Собранието на Република Македонија да ја ратификува Конвенцијата на ООН за правата на лицата со инвалидитет, усвоена уште во 1992 година. Сите се согласуваат дека Конвенцијата е одлична рамка во која треба да се сместат правата на лицата со инвалидитет, како и обврските на државата. По притисоци од јавноста, невладиниот сектор кој го поттикнува решавањето на проблемите на лицата со попреченост, Конвенцијата ќе стане реалност.

Es ist normal anders zu sein Flash-Galerie

Правата на лицата со инвалидитет бавно доаѓаат до нив 

Аналитичарите кои ја следат оваа проблематика велат дека годинава Македонија бележи релативно скромни резултати на полето на заштитата на лицата со инвалидитет. И натаму постојат само четири посебни основни училишта, две - три средни, како и дваесеттина Дневни центри за деца со пречки во развојот. Процесот на инклузуја ги осипува специјализираните училишта, во кои и натаму недостасува стручен кадар, додека дипломираните дефектолози тешко наоѓаат работа и во специјалните, но и во основните училишта.

Посебен тренд сега се приватните мали центри, во кои што дипломираните дефектолози работат со мали групи деца со пречки, но тие главно се во сферата на сивата економија. Нив ги плаќаат засегнатите родители и тие главно молчат за тоа, бидејќи избираат меѓу две зла или детето да им остане без квалитетен третман, или да платат по десеттина евра за приватен час со логопед или дефектолог.

Товарот сепак го носат родителите

Дека товарот на проблемите паѓа пред се’ врз родителите и семејството уверен е и Климе Топенчаров од Охрид. „Имам ќерка со тешка форма на церебрална парализа. Никогаш не сум се срамел да бидам со неа во јавност, насекаде да сме заедно. Сме се обидувале да ја вклучиме во образованието и тоа низ повеќе форми. Државата треба да има подеднаков третман за сите. Вината ја гледам во државата и нејзините приоритети. Не смеат да се заборават овие лица, иако законите најчесто ги штитат само на хартија“.

Pressekonferenz Rotes Kreuz Ohrid Tag der Menschen mit Behinderung

Славица Илиќ и Анета Јованоска

Охрид е меѓу првите градови во Македонија кој донесе Локален акционен план за лицата со попреченост. „Тригодишната програма предвиде низа активности. Дел од нив како што се изградбата на пристапни рампи и обележани паркинг места веќе се реализираат. Но не застануваме само на тоа, во понеделник на петти декември ќе се одржи култрно- хуманитарна забава ’Заедно против дискриминација’ на која ќе се промовира Законот против дискриминација“, вели Анета Јованоска од Црвен крст во Охрид.

Државната Комисија за заштита од дискриминација повикува на поголема сензибилност од страна на граѓаните и државата за лицата со посебни потреби и нивно вклучување во сите сфери на животот. Оттаму истакнуваат дека во Македонија е донесен Закон за спречување и заштита од дискриминација и ги охрабруваат сите лица со посебни потреби кои сметаат дека се дискриминирани, да се обратат до Комисијата.

Од Специјалниот завод во Демир Капија во реалниот свет

Можеби светла точка во целата македонска приказна за лицата со инвалидитет се оние што после четири или пет децении минати во Специјалниот завод во Демир Капија, се згрижени во посебни станбени единици и живеат со поддршка од специјализирани тимови од центрите за социјални грижи. Во Скопје веќе има осум

Reisen mit Behinderung

такви станови, во кои заедно живеат по неколкумина штитеници. После повеќе од шеснаесет месеци, искуствата се одлични и се очекува догодина да се отворат уште осум такви станбени единици.

Медиумите се тие од кои се чека гласност за лицата со посебни потреби

Медиумите во Македонија освен по некоја тажна човечка судбина преку годината, што ќе ја вметнат во своите емисии, без исклучок освен Јавниот сервис МТВ немаат специјализирана емисија за лицата со пречки. Во МТВ две децении со мали прекини имаат специјализирана емисија.

Виолета Софкаровска е новинар и последниве седум години ја подготвува емисијата „Петтиот ангел“. „Во Македонија е постигнат значаен напредок во однос на заштитата на нивните права и интегритет. Сепак се случуваат проблеми кои се во сферата на ирационалното и апсурдното. На пример: раното дијагностицирање на синдромите кои ги погодуваат лицата со инвалидитет, потоа процесот на образованието. Се чини најтежок проблем е нивното интегрирање како возрасни лица во заедницата. Тешко доаѓаат до вработување и многу често стануваат социјални случаи и за тоа македонската јавност треба отворено да проговори. “ 

Автор: Милчо Јованоски

Редактор: Александра Трајковска