1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Свет

Интеграцијата на странците во Германија е траен процес

Околу 140 претставници на сојузот, покраините и организациите на мигрантите, во Берлин одржаа трет самит за интеграција. Kако изгледа нивниот биланс за спроведувањето на „Националниот план за интеграција“?

default

Олаф Шолц, Ангела Меркел и Марија Бемер на прес конференцијата по самитот за интеграција (од лево кон десно)

Во Германија живеат околу 15 милиони луѓе со мигрантско потекло. Нивната интеграција, според мислењето на германската влада, напредува добро. Германската канцеларка, Ангела Меркел, на крајот на самитот за интеграција во Берлин, изјави дека е важно...„Интеграцијата да стане партиципација, учество во нашето општество во секаква смисла. Дали станува збор за места за обука, за места за студирање, за одговорност за политичката работа и работата на здруженијата и сојузите - мора да биде сосема нормално тука да се има истиот потенцијал како потенцијалот кај германското население. Мигрантите му припаѓаат на нашето општество.“

На училиште со знење на германскиот јазик

Владата, како што рече канцеларката, сака да си постави цели во интеграционата политика, чие спроведување ќе може да се проверува. Ополномоштеникот на владата за прашања на интеграцијата, Марија Бемер, ги конкретизираше намерите – до 2012. година сите деца кои ќе бидат запишани во основно училиште треба добро да го владеат германскиот јазик. Досега, само во половината од предучилишните установи има понуди со кои се поттикнува учењето на јазикот кај децата на мигрантите. Освен тоа, до 2012. година бројот на децата кои не го завршуваат своето образование треба да се

Rütli Schüler machen Rütli-Wear

Сеуште премногу деца на мигрантите се со прениско образование

преполови и образовното ниво на учениците со странско потекло треба да се изедначи со она на учениците кои немаат мигрантско потекло.

Мигрантите сметаат дека напредокот не е доволен

Претседавачот на Сојузот на здруженија на имигранти, Мехмет Танриверди, наспроти тоа, укажува дека напредокот не е доволен, како на пример во делот на образованието. Тој смета дека националниот план за интеграција сеуште не стигнал во базата: „Во сферата на образованието има дефицити. Бројот на деца кои завршуваат средно образование во најслабиот тип училишта, сеуште е висок, во споредба со германските деца – двојно повисок. Бројот на невработени мигранти е двојно поголем.“

Здруженијата на мигранти на самитот за интеграција го обновија барањето за подобрувања во законската сфера во делот на правото на државјанство и правилата за спојување на семејството.

Се отвораат нови теми

Ополномоштеникот на германската влада,

Maria Böhmer präsentiert neue Motive für Integration

Марија Бемер најави мониторинг на спроведувањето на планот за интеграција

Бемер, го врти погледот нанапред и вели дека нови теми добиваат на значење: „Покрај класичните теми – учење на јазикот, образование, обука за работа и пазар на работна сила, како и полиња како спорт и медиуми, засилено ќе се зафатиме и со темата здравствено згрижување и нега, затоа што овие теми добиваат на значење поради стареењето на мигрантите во нашето општество.“

Бемер за почетокот на 2009 година најави голема конференција во Берлин за т.н. „интеграциски мониторинг“, за навистина да се измери напредокот во делот на интеграцијата.