1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Свет

Интеграцијата на Ромите- предуслов за идните членки на ЕУ

За земјите кандидати за членство во ЕУ „ромското прашање“ ќе се решава во рамките на процесот на преговорите за зачленување, порачува Вивиан Рединг, европската комесарка за правда.

Слободата на движење внатре во Европската Унија по последното нејзино проширување и посебно бранот на баратели на азил од земјите од Западен Балкан, меѓу кои и од Македонија по воведувањето на безвизниот режим за овие земји, го стави во прв план на европската политичка сцена прашањето за положбата на Ромите во Европа.

На прашањето на Дојче Веле упатено до потпретседателката на Европската комисија задолжена за правда, како во Европската комисија се гледа на фактот што „преголемата застапеност на Ромите меѓу барателите на азил е само одраз на реалната ситуација во регионот на Балканот, бидејќи тие сакаат да побегнат од неправдите и/или од сиромаштијата и неподносливата ситуација“ како што забележа комесарот за човекови права на СЕ.

Интеграцијата на Ромите- приоритет и за земјите-кандидати?

При што тој забележува дека посебно Ромите станаа специфичната цел на рестриктивните мерки за спречување на барателите на азил да ги напуштат земјите, што води до „профилирање“ и кон нови дискриминации и стигматизиации за ова малцинство, Вивиан Рединг, одговори:

Viviane Reding, EU-Kommissarin für Medien und Telekommunikation

Вивиан Рединг, еврокомесарка за правда

„Фактите и бројките зборуваат доволно. Во моментот на влегување на сила на новото правило за визниот режим, имаше јасно зголемување на бројот на барателите на азил меѓу кои имаше многу Роми. Тоа доведе до тензии и реални тешкотии меѓу земјите членки и земјите од каде тие лица потекнуваат.“ , вели еврокомесарката за правда, која не сакаше да зборува многу за проблематиката со политиката на азил која е во надлежност на самите земји членки.

„Тоа што е многу важно за Европската комисија е да земјите членки се стекнат со политика за интеграција на Ромите. Истото треба да го направат и соседните земји кои сакаат да станат членки на ЕУ. Преговорите за членство со овие земји го опфаќаат и прашањето за Ромите. Тоа прашање се наоѓа на агендата и треба да биде разгледувано и решавано во рамките на преговорите за членство во Европската Унија. Потребно е да бидат зацврстени врските меѓу земјите кандидати и ЕУ по овие прашања“ , рече Рединг.

Според извештајот на Агенцијата за фундаментални права за ситуацијата на Ромите во единаесет земји членки на ЕУ, секој трет Ром е невработен, 20% немаат никаква здраствена заштита и 90% од ромското насление живее под прагот на сиромаштијата, нивниот просечен животен век е за десет години пократок од тој на другите Европејци. „Бројни се оние кои се соочуваат со предрасуди, нетпреливост, дискриминација и социјално исклучување во нивниот секојдневен живот. Тие се маргинализирани и најголемиот број од нив живеат на економски-социјален план во крајна сиромаштија“ , додава европската комесарка. Ситуацијата не е ништо подобра во земјите кандидати.

Европа може да направи повеќе за Ромите

По драматичните протерувања на Ромите и нивната тешка положба, Брисел на 5 април 2011. побара од сите земји членки на ЕУ да изработат национални програми за подобрување на пристапот кон образозванието, вработувањето, становите и здраствената заштита за околу 10 до 12 милиони Роми колку што живеат во Европа.

Сите 26 земји членки на ЕУ, со оглед дека само во Малта официјално не живеат Роми, се ангажираа дека ќе се погрижат да ја подобрат ситуацијата на Ромите.

Но само дванаесет деблокираа соодветни буџетски средства, се работи за Бугарија, Унгарија, Грција, Летонија, Литванија, Полска, Португалија, Чешка, Словачка, Шведска , Словенија и Романија.

Европската комисија сака да позитивните практики на Шпанија и на Финска во образованието, на Бугарија за вработувањето, на Унгарија и Ирска за здраствената заштита, Франција за станбеното прашање да се прошират во сите земји членки.

„Потребно е да им се честита на државите членки кои ги испочитуваа обврските и претставија стратегија за интеграција на Ромите. Претставувањето на националните стратегии е првата значајна етапа“, изјави Вивиан Рединг, европската комесарка задолжена за правдата.

„Сепак е потребно сите држави членки да ги забрзаат и интензивираат напорите, предвидувајќи поконкретни мерки, со јасни цели, попрецизно финансирање и соодветно следење и проценка на сработеното. Ние имаме потреба од конкретни резултати за да се подобрат животните услови на 10 до 12 милиони Роми кои живеат во Европа.“ , рече Рединг.

Според Европската комисија, владите и земјите членки се губитнички од неинтегрирањето на Ромите во општеството, бидејќи тие губат приходи и продуктивност, поминувајќи покрај неоткриени таленти. Според Светската банка, целосната интеграција на Ромите може да доведе до додатна вредност од половина милијарди евра годишно за економиите на некои земји, благодарејќи на продуктивноста, намалувањето на социјалната помош и зголемувањето на даночните приходи.