1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Македонија

Интеграцијата на малцинствата е неопходна за кохезијата во општеството

Во рамките на претседателството со Комитетот на министрите на СЕ, во Скопје се одржа конференција „Јакнење на кохезијата на европските општества: интегрирање на националните малцинства во процесите на одлучување“.

default

На конференцијата, водена од Министерот за надворешни работи на Македонија, Антонио Милошоски, беше истакната важноста на Рамковната конференција за заштита на националните малцинства и позициите и состојбата на Советот на Европа за ова прашање. „Рамковната конвенција е единствен правен инструмент и критериум за можност за обезбедување на правата на националните малцинства, иако некои од земјите одбиваат да ја спроведуваат,“ истакна Мишел Акит, учесник на конференцијата и дополни дека постои голем јаз помеѓу политиките кои се изнесуваат и реалната слика на терен.

Milososki in USA

Министерот за надворешни работи на Македонија, Антонио Милошоски

„Рамковната конвенција е потпишана од 39 земји во Советот на Европа, но не смееме да запреме овде, бидејќи имаме 47 земји членови во Советот на Европа и нашата цел ќе биде сите земји да ја ратификуваат оваа декларација и секоја земја да развие внатрешни механизми за имплементација на нормите на оваа конвенција,“ порача македонскиот министер за надворешни работи Милошоски. Тој притоа, ги истакна особените заложби на Македонија за подобрување на статусот на малцинствата во Европа.

Конференцијата се одржа во организација на Македонското претседателство со Комитетот на министри на Советот на Европа.

Автор: АТ/ ЖА/ макфакс

Редактор: Елизабета Милошевска Фиданоска