1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Македонија

Интеграцијата во НАТО и ЕУ приоритети за Македонија

Претседателот на турското собрание ја пренесе поддршката на Турција за интеграција на Македонија во НАТО. За евроатланските интеграции, македонскиот министер за надворешни работи оддржа консултации со амбасадорскиот тим.

default

Претседателот на Големото турско собрание Ќоксал Топтан во посета на Македонија

Македонија доби поддршка од Турција во напорите за членство во НАТО. Претседателот на Големото народно собрание на Турција, Ќоксал Топтан, денеска се обрати во македонскиот парламент. Притоа, тој истакна дека природно право на Македонија е да се интегрира во евроатлантските структури што е можно побргу. Топтан, во рамките на официјалната посета на Македонија, подвлече дека Турција придава големо значење на мирот и на стабилноста на Балканот.

Интеграциите во НАТО и ЕУ се приоритети што стојат и пред македонскиот амбасадорски тим во наредната 2009 година. Македонскиот министер за надворешни работи, Антонио Милошоски, на оваа тема, како и за спорот помеѓу Македонија и Грција, во Скопје разговараше со 40-тина амбасадори и конзули на Македонија ширум светот.

DW.COM