1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Лицата на Германија

Инспекторката за криминал Корнелија фон Холен од Бремерхафен

Од филмовите е познато дека инспекторите за криминал живеат брзо, а пукаат уште побрзо. Реалноста е куп работа на работната маса, а дома чекаат децата. Така е и кај Корнелија фон Холен од Бремерхафен.

default

„Да“, одговара Корнелија фон Холен на прашањето дали има оружје и лисици. Потоа брзо додава: „Но, само кога сум во истрага на терен.“ И: „Не“, одговара смеејќи се, на прашањето дали во неделите гледа „Таторт“ („Место на злосторството“, популарна серија на германската на телевизија): „Тоа не ме интересира“.

Gesichter Deutschlands Porträt CoHoP1

„Случајот најчесто не се решава за 45 минути“, вели Корнелија фон Холен

Инспекторката за криминал Корнелија фон Холен секогаш е конфронтирана со различни клишеа. Полициската работа прикажана во филмовите, тв-сериите, крими-романите многу ретко одговара на реалноста. „Полициската работа во одделите за криминал значи долго седење на работната маса и пишување“, вели Фон Холен. Се разбира, се прават истраги и на терен. Но, тоа обично не е толку возбудливо и полно со акција. „Случајот најчесто не се решава за 45 минути“, објаснува таа смешкајќи се.

Ловецот на бројки бара правичност

Полициската инспекторка Корнелија фон Холен секој ден прво ги носи своите две деца во основното училиште. Потоа, околу 8 часот, седнува на нејзината работна маса во старата зграда од црвени тули, во центарот на Бремерхафен. Нејзината мала канцеларија се наоѓа во

Gesichter Deutschlands Porträt CoHoP3

На работната маса е најсилното оружје во борбата против криминалците, компјутерот

западното крило на крај од долгиот ходник - соба број 105, оддел К 23, економски криминал.

Работната маса зазема речиси половина од просторијата. На неа е нејзиното најсилно оружје во борбата против криминалците, компјутерот. Корнелија фон Холен трага по бројки и е специјализирана за откривање финансиски деликти, како измама со платежна неспособност, перење пари, правење фалсификувани завршни сметки или даночни прекршоци. Во светот на бројките таа се чувствува како дома: „Многу е едноставно барањето докази низ книгите и бројките. Логично е дека така можат да се фатат злосторниците.“

Многу е важно да се најдат сторителите, или да се докаже нечија невиност. Покрај бројките, 35-годишната Корнелија има уште една страст - правичноста. Токму затоа станала полицајка.

Жени во полицијата - денес вообичаено

Gesichter Deutschlands Porträt CoHoP2

Кога Кони се враќа дома, госпоѓата инспекторка останува во зградата од црвени тули, во Бремерхафен

Корнелија фон Холен веќе 16 години работи во полицијата, во нејзиниот роден град Бремерхафен. Таму одела во училиште и на полициска академија. Уште тогаш тоа било нормално, но така не било отсекогаш. Полицијата направи промени околу ангажирањето на жените. Од една страна, социјалната компетенција на жените влијае позитивно на расположението во тимот. Од друга страна, жените во полицијата вовеле нова тематика која порано имала споредна улога во секојдневието на инспекторите за криминал: семејство, деца, училиште, готвење. Сето тоа е дел од секојдневието на Корнелија фон Холен. Затоа таа работи само половина работно време. По четири часа заминува од канцеларијата, за да биде дома навреме кога 8-годишниот Јеро и 12-годишната Дајке напладне се враќаат од училиште. Готви нешто набрзина, потоа им помага на децата околу домашните задачи. Подоцна го организира слободното време на децата. „Секако дека е напорно“, признава таа: „Нема доволно време за се‘.“

Семејство и професија - два одделни света

Голем дел од работата во домаќинството презема и сопругот Аксел. Наутро тој е задолжен за будење на семејството и за појадокот, напладне за фудбалскиот

Gesichter Deutschlands Porträt CoHoP5

Работи половина работно време за да биде со децата

тренинг на синот. На родителските состаноци во училиштето одат двајцата заедно.

Семејството и работата за Корнелија фон Холен се две строго одделени области. Кога Кони, како што ја викаат приватно, се враќа дома, госпоѓата инспекторка останува во зградата од црвени тули, во Бремерхафен. Но, сепак, понекогаш кога никој не очекува, додека Корнелија фон Холен опуштено пие чај со пријателката, некој ќе и‘ се обрати како на полицајка: „Во кое седиште за деца смее да седи детето?“ Таа не може да одговори на ова прашање: „Школувана сум само за инспектор за криминал и не знам ништо за работи во врска со полицијата за одржување на јавната безбедност.“

Автор: Зоран Арбутина / Јасна Мушиќ - Јанчулева

Редактор: Елизабета Милошевска Фиданоска

WWW-линкови