1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Свет

Инспектори на МААЕ наскоро во Иран

Иранската влада покани експерти на Меѓународната агенција за атомска енергија за извршат инспекција во спорниот атомски реактор Арак. Прв чекор за поголема доверба меѓу Исламската Република и Западот.

Контролорите на Меѓународната агенција за атомска енергија (МААЕ) на 8. декември се очекуваат во Техеран, соопшти шефот на оваа организација Јуика Амано во Виена. Специјалистите на МААЕ последен пат беа во Арак во август 2011. година.

Со поканата Исламската Република исполнува една од нејзините обврски од Договорот посигнат со петте вето сили на ОН и Германија во неделата (24.11) во Женева. Западните земји стравуваат дека во реакторот за тежок водород во Арак може да биде произведен плутониум кој може да се употреби за оружје. Според договорот владата во Техеран во наредните шест месеци не смее да го активира реакторот и таму да транспортира горивни елементи.

Infografik Atomprogramm des Iran Deutsch

Атомските постројки на Иран

Во минатото, експертите за атомска енергија редовоно го посетуваа реакторот на западот на Иран, кој делумно сѐ уште е во градба. Од 2006 година меѓутоа иранската влада не ги обелоденуваше актуелните конструкторски планови за проектот. Поканата за инспекција е резултат на договорот меѓу Техеран и шефот на МААЕ Амано од 11. ноември, со кој Иран се обврза на поголема транспарентност во однос на својата атомска програма.

Западот и Израел се сомневаат дека Исламската Република не ја користи својата атомска програма само за снабдување со енергија, туку дека тајно развива атомска бомба. Преодниот договор сега предвидува значително да биде ограничено облагодорувањето ураниум. Западот на ова ќе реагира со ублажување на санкциите за Иран. Во текот на наредните месеци би требало да биде постигнат траен договор за надминување на атомскиот конфликт.