1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Свет

Инспектори на МААЕ во инспекција на реакторот во Арак

Реакторот со тешка вода е дел од спорната атомска централа Арак, поради тоа што може да произведе плутониум. Инспекторите на МААЕ извршија прва контрола на реакторот по две години.

Тимот на Меѓународната агенција за атомска енергија (МААЕ) ја завршил инспекцијата и денеска (8.12) треба да се врати од Техеран во Виена. Контроверзниот реактор со тешка вода е под лупа на МААЕ подолг период. Реакторот може да произведе плутониум, од кој пак може да се создаде атомска бомба.

Претходно, раководството во Техеран и‘ достави на МААЕ информации за најновите центрифуги во централите за облагородување ураниум во Натан и Фордо. Двата чекора (инспекцијата на реакторот во Арак и податоците за центрифугите) се дел од преoдниот договор што беше постигнат пред две недели на разговорите 5+1 меѓу силите со право на вето во Советот за безбедност (САД, Русија, Кина, Велика Британија, Франција) и Германија од една страна и Иран од друга страна.

Американскиот претседател Барак Обама на една конференција во Вашингтон, вчера беше неочекувано воздржан околу шансите за траен договор со Иран во атомскиот спор. Тој шансите ги процени на „не повеќе од 50:50“. Не треба да се биде наивен и САД ги задржуваат в рака сите опции, нагласи Обама.