1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Свет

Инспекторите за уништување на хемиското оружје во Сирија

Првата група од околу 20 инспектори од Организацијата за забрана на хемиското оружје денеска од Либан влегоа во Сирија. Тие имаат задача да го лоцираат и уништат хемиското оружје во земјата

Инспекторите задолжени за уништување на хемиското оружје во Сирија денеска започнуваат со историската операција, чија цел е примена на резолуцијата на ОН со која се предвидува уништување на хемиското оружје во земјата.

Според проценки на експертите, Сирија поседува повеќе од илјада тони хемиско оружје, од кои 300 тони иперит и сарин, и сето сместено на 45 различни локации.

Сирискиот претседател Башар aл-Асад најави дека ќе ја почитува резолуцијата, која претставуваше прв поголем дипломатски успех по почетокот на судирите во земјата во март 2011 година.

Инспекторите на ОН, кои во Сирија ги истражуваа местата на наводни напади со хемиско оружје, вчера ја завршија својата мисија, а својот извештај треба да го поднесат до крајот на октомври.

Според усвоената резолуција во Советот за безбедност на ОН, сириското хемиско оружје треба да биде уништено до средината на 2014. година. Во неа се укажува на можни последици за Сирија доколку не бидат исполнети обврските, но Советот за безбедност во тој случај ќе мора да усвои нова резолуција.