1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Македонија

Иницијатива: функционерите без двојно државјанство

ЛДП бара на претседателот на државата, премиерот, министрите, пратениците и други функционери да не им се дозволи да бидат лојални на две држави. Дали ова може да им наштети на партиските математики?

default

Двојно државјанство, да или не?

Како наближуваат новите изборни циклуси, меѓу нив и за претседател на државата, опозицијата го актуелизира поседувањето двојно државјанство како лицемерство од врвните македонски политичари.

Опозициската Либерално демократска партија ќе иницира промени на уставот и законите со што нема да се дозволи претседател, премиер, пратеници и министри да поседуваат по две државјанства. Не може да се биде лојален на две држави, да се говори и креира политика во Македонија, а во џебот функционерите да имаат резервно државјанство, изјави лидерот на ЛДП, Јован Манасиевски. Тој рече дека и во претходната и во сегашната влада има луѓе со двојно државјанство. Во владите на ВМРО ДПМНЕ неколку министри имаа и поседуваат по два пасоши: американски, хрватски, бугарски, па и српско државјанство.

Минатата недела темата двојно државјанство беше дискутирана и во македонскиот парламент. Екс лидерот на СДСМ, Радмила Шеќеринска го спомена примерот со поранешниот македонски премиер Љупчо Георгиевски.

Георгиевски и Бошковски во игра?

Дали иницијативата на ЛДП може да им наштети на партиските математики околу изборот на кандидати за идните претседателски избори во земјата?

Ljube Boskovski

Љубе Бошковски има претседателски аспирации?

И настапите на Љубе Бошковски по враќањето од Ден Хаг и реактивирањето на Љупчо Георгиевски ја вратија темата дали врвните политичари може да имаат двојно државјанство. За екс премиерот на Македонија, како и поранешен лидер и основач на ВМРО ДПМНЕ, Љупчо Георгиевски, по заминувањето од функцијата беше откриено дека има и бугарско државјанство, што тој не го демантираше. По неколкугодишен молк, Георгиевски сега за само една недела двапати јавно проговори. На трибината за грчко македонскиот спор, екс премиерот се изјасни за кооперативност на македонскиот државно владин врв околу идеите за името предложени од посредникот од ОН, Метју Нимиц.

Prime Minister Ljubcho Georgievski

Се активира поранешниот премиер Љупчо Георгиевски

Тој рече дека ќе биде штета ако се испушти предлогот на Нимиц за име Северна Македонија. Дел од аналитичарите во Македонија тврдат дека Георгиевски е во притаена комбинација за можен претседателски кандидат. Уште еден кадар од ВМРО ДПМНЕ, Љубе Бошковски, самоиницијативно ја наметна својата претседателска кандидатура, а лидерот на ВМРО ДПМНЕ, Никола Груевски, не ја негираше. Поранешниот министер за внатрешни работи има и хрватско државјанство.

Предлогот за забрана на поседувањето двојно државјанство може да ја блокира идејата Македонците од дијаспората да избираат тројца пратеници во идниот парламент.