1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Теми

Иниеста најдобар фудбалер во Европа

Ѕвездата на Барселона и на шпанската репрезентација собра најмногу гласови во изборот на новинарите кој го организираше УЕФА. Познати и групите во Лигата на Шампионите

Андрес Иниеста, играчот за врска на Барселона и на шпанската репрезентација е прогласен за фудбалер на сезоната 2011/2012, во рамки на изборот на УЕФА. Иниеста славеше пред неговиот тимски колега Лионел Меси и фудбалерот на Реал Мадрид Кристијано Роналдо. Иниеста беше прогласен за најдобар фудбалер на Европското првенство во Полска и Украина, а лани освои пет трофеи. За неговиот избор гласаа мнозинството новинари во Европа.

На церемонијата за избор на најдобар фудбалер на „Стариот континент“ и претходеше и жрепката за групната фаза од најквалитетното клупско натпреварување- Лигата на Шампионите за сезоната 2012-2013.

Бранителот на титулата Челзи, одбраната на пехарот ќе го започне во конкуренција на Шахтјор, Јувентус и Норсјеланд.

Епитетот „група на смртта“ го носи Д групата во која ќе се натпреваруваат шампионите на Шпанија, Англија, Холандија и Германија.

Група А: Порто, Динамо Киев, ПСЖ, Динамо Загреб

Група Б: Арсенал, Шалке, Олимпијакос, Монпеље

Група Ц: Милан, Зенит, Андерлехт, Малага

DFB-Pokal 2012 Erste Runde FC Oberneuland Borussia Dortmund

Борусија Дортмунд во „групата на смртта“

Група Д: Реал Мадрид, Манчестер Сити, Ајакс, Борусија Дортмунд

Група Е: Челзи, Шахтјор, Јувентус, Норсјеланд

Група Ф: Бајерн Минхен, Валенсија, Лил, БАТЕ Борисов

Група Г: Барселона, Бенфика, Спартак Москва, Селтик

Група Х: Манчестер Јунајтед, Брага, Галатасарај, Клуж

Натпреварите во фазата по групи ќе започнат на 18 и 19. септември, а ќе завршат на 4 и 5. декември, кога ќе бидат познати патниците во осминафиналето.