1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Лицата на Германија

Инженерот надлежен за продажба Маркус Рајсенвебер од Ватцендорф

Маркус Рајсенвебер секогаш мора да размислува во две временски зони. Инженерот е задолжен за муштериите во САД. Кога тој седи во фирмата, тие уште спијат.

default

Инженерот надлежен за продажба Маркус Рајсенвебер продава машини за делови за вискока технологија во целиот свет.

Маркус Рајсенвебер живее со неговата сопруга во селскиот предел на Баварија, во малото место Ватцендорф. Со автомобил патува околу 20 минути до неговото работно место во Кобург. Таму е седиштето на фирмата „Кап“, каде 29-годишниот Рајсенвебер работи веќе четири години. Тие изработуваат специјални машини за делови, системи за висока технологија за познати фирми како „Дајмлер“, „Фолксваген“ или за производителот на трактори „АГЦО Фент“.

На испораката и претходи „проверка“

Gesichter Deutschlands Porträt MaReP2

Во фирмата „Кап“ 29-годишниот Рајсенвебер работи веќе четири години

По самото пристигнување во фирмата, инженерот надлежен за продажба веќе го чекаат првите муштерии. Тие сакаат да им биде претставен некој нов концепт или внимателно ја проверуваат порачаната и веќе произведена машина. Потоа се врши проверка и се контролира дали се исполнети сите претходно договорени барања. Притоа, често е потребно усогласување: „Работите се менуваат, се‘ додека не направиме концепт, за да можеме ние од една страна да произведеме и понудиме, а и муштериите да го прифатат тоа како најдобра можна реализација.“

Работата на Рајсенвебер е одење кај муштериите, претставување проекти или машини и покажување алтернативи. Тој е често на пат, но сепак промената му годи. Никогаш не му е здодевно, оти патува и запознава многу луѓе.

Рајсенвебер престојува по четири до шест пати годишно во САД, во траење од една до две недели. Муштериите во САД имаат поинакви очекувања од оние во Германија. Тие планираат пократкорочно и реагираат побрзо. „Ние Германците размислуваме што ќе правиме за една, две или три години. Наспроти тоа, Американецот вели дека сака да реагира побрзо, пократкорочно. Доколку дојде до промени, се прилагодува реализацијата.“

Во селата е помирно

Gesichter Deutschlands Porträt MaReP1

Рајсенвебер дипломирал со извонреден успех

Рајсенвебер бил во САД уште како студент. Тогаш таму бил на пракса. Би можел да си замисли да живее во Америка неколку години. Рајсенвебер ја сака својата работа, поради која мора да биде флексибилен. Мора да се раководи според муштериите и никогаш не може однапред да каже кога си доаѓа дома. Но, тој и неговата сопруга се‘ уште немаат деца. Затоа успева добро да ги усогласи приватниот и професионалниот живот. Тие живеат на село, мирно и идилично, на 20 километри од Кобург. Свесно го одбрале Ватцендорф: „Затоа што по напрегнатото секојдневие, тука е мирно за релаксирање. Директно од вратата може да се излезе на еден круг џогинг по полињата“, вели Маркус Рајсенвебер.

Награда за дипломската работа

Gesichter Deutschlands Porträt MaReP3

Рајсенвебер бил во САД уште како студент

На младиот инженер многу му е важна слогата во неговото семејство. Тој, неговите родители, баба и дедо се поддржуваат секогаш кога е потребно. „На почетокот ми беше малку необично, но сега се навикнав на тоа и сметам дека е многу убаво“, вели сопругата Даниела. Тие стапиле во брак во мај, 2009 година. Се запознале за време на студиите. Тој не бил секогаш добар студент, но одеднаш се променил: „Работите тргнаа на подобро кога ја започнав специјализацијата за мојата стручна насока и најпосле можев да го правам она што ме интересира.“ За неговата дипломска работа за енергетско ефициентни системи за производство дури ја добил наградата на Агенцијата за енергија на Северна Рајна Вестфалија.

Рајсенвебер е консеквентен во поглед на зацртаните цели: „Кога ќе доживеете пораз, не смеете да се исплашите и повлечете. Секој мора да ги завршува своите задачи, да биде упорен и повторно да се обиде. Без разлика што сакате да постигнете, некогаш мора да успеете. Во тоа се состои среќата на трудољубивите“, се смее инженерот.


Автор: Ангелина Вербика / Јасна Мушиќ - Јанчулева

Редактор: Елизабета Милошевска Фиданоска

WWW-линкови