1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Економија

Индустриските земји си оставија време за намалување на дефицитите

Со ветување дека ќе биде направено се‘ за здрав пораст на економијата во светот, во Мексико Сити заврши средбата на министрите за финансии на земјите членки на Групата 20.

Министрите за финансии на земјите на Групата 20 изразија намера да се концентрираат врз „повторно воспоставување доверба и намалување на ризиците на финансиските пазари“, се вели во завршната декларација на водечките индустриски држави и земји во забрзан подем. Поради загриженост од застој на конјуктурата, индустриските држави имаат намера да си остават повеќе време за намалување на долговите.

Германскиот министер за финансии Волфганг Шојбле, наспроти тоа, ја повтори германската позиција дека без редуцирање на долговите не е можен одржлив развој. Тој, заедно со претседателот на Бундесбанката Јенс Вајдман, го поздрави фактот дека Русија, која инаку наредната година го презема претседавањето со Г20, сака да се заложи за реализација на намерата за преполовување на државните дефицити, изнесена на средбата на Г20 во Торонто.