1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Теми на денот

Индонезија бара помош

Индонезиските власти прогласија вонредна состојба по катастрофалниот земјотрес кој за време на викендот го погоди островот Јава. Последните информации од теренот зборуваат за околу 5000 загинати и стотици повредени. Властите во Џагџакарта, најтешко погодениот регион, бараат итна хуманитарна помош.

default

Спасувачките екипи на теренот продолжуваат во потрагата по преживеани под урнатините. Силниот дожд во текот на ноќта им ја отежна работата на спасувачите но и на околу 200.000 лица кои веќе трет ден се под отворено небо. Од утрината е отворен за сообраќај и аеродромот во Џагџакарта кој беше тешко оштетен по потресот со јачина од 6,3 рихтерови степени.

Индонезискиот претседател Сусило Бамбанг Јудхојоно од саботата вечерта се наоѓа во Џогџакарта. Тој ги посети болниците, центрите за евакуација . Воочи заминувањето во погодениот регион тој изрази сочувство за настраданите и нареди армијата да се вклучи во акцијата за сопасување и згрижување на настраданите:

„ Системот започна да работи и во контактите со гувернерот на Џагџакарта побарав да го употреби целчиот потенцијал на регионот за помош на настраданите во катастрофата„

Земјотресот кој удри во зори создаде огромна паника во густо населениот универзитетски град , познат по своето културно наследство. Најтешко е погоден квартот Бантул, каде штетите се најголеми. Аулиа Ариани, портпарол на индонезискиот црвен крст, по пристигнувањето од Џакарта изјави

„ Утринава испративме десет медицински тимови во најтешко погодените делови, Бантул Клатен и Прого

Ариани од Џакарта допатува во придружба од најмалку 400 волонтери за помош и четири мобилни болници. Во меѓувреме од речиси целиот свет стигнуваат одговори на повиците за помош.

Од Џакарта испративме една Полска болница. Мислам дека до вечерва таа ќе дојде овде и ќе се подобри состојбата во Џогџакарта„ изјави Патрик Болте од германскиот црвен крст

Тим на лице место испрати и германската агенција за итна медицинска помош Хумедика. Еден од 65о те доктори на повик од агенцијата, Маркус Келер изјави

„ Мојот шеф ме повика утринава во Берлин и ме извади од семинар. Сега сум на пат кон регионот погоден од катастрофата„

Во меѓувреме светските лидери изразија сочувство и солидарност. ЕУ соопшти дека ќе додели хуманитарна помош во износ од три милиони евра. Лондон вети три милиони фунти за расчистување на теренот, Ирска 500.000, Грција 200.000 евра. Шпанија, Франција, Русија и неколку други држави изразија готовност за одговор на секое барање за помош од индонезиските власти. Медицински тим испрати и Турскиот црвен крст, кој од ударот на цунамито во 2004 та е стациониран во провинцијата Аче. Координаторот за помош на ОН Јан Егеланд ја нагласи потребата од хуманитарна помош

„ Мислам дека ќе има огромна потреба од помош бидејќи бројката загинати и повредени од час на час се зголемува„