1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Свет

Индија: Осудена на силување

Млада жена во Индија била жртва на групно силување оти се заљубила во момче од друга вера. Силувањето го наредил Селскиот совет. Полицијата уапси осомничени лица.

default

Индиските жени се борат против силувањето (архива)

Во Индија очигледно повторно се случи масовно силување. Една 20 годишна жена, според сопствени наводи била силувана од повеќе мажи по наредба на Селскиот совет, бидејќи се заљубила во момче со друга вера. Уапсени биле 13 мажи, соопшти полицијата во источната индиска сојузната држава Западен Бенгал. По силувањето младата жена со тешки повреди била однесена во болница.

Силување наместо парична казна

Причина за ова дело наверојатно било тоа што младата девојка била видена со нејзиното муслиманско момче. „Девојката и нејзиниот љубовник мораат да платат по 25.000 рупји (околу 300 евра) казна“, рече портпарол на полицијата. Кога родителите се изјасниле дека немаат пари, и младото момче замолило за повеќе време, селскиот началник наредил силување. Потоа членови на селската заедница се нафрлиле врз младата жена.

„На негова наредба ме силуваа десет до дванаесет мажи, меѓу нив повеќемина од едно семејство. Не можев да бројам, колку често“, изјави младата жена за телевизијата НДТВ.

Селски совети наместо судии

Во изминатите месеци повеќе групни силувања предизвикаа шокираност во индиското општество. Случајот во Западен Бенгал е драстичен, бидејќи зад делото стои најверојатно Селскиот совет. Одлуките на такви совети не се обврзувачки, но честопати од жителите на селата се сфаќаат како волја на народот.

Пред четири години еден Селски совет во областа Бирбхум ѝ нареди на една жена да трча гола низ селото. Таа беше обвинета оти се заљубила во маж од друга каста. Националниот сојуз на индиските жени силно ги критикува селските совети. Тие ги уништуваат правата на жените, изјави генералната секретарка Ани Раџа. „Тие им ги оспоруват на жените основите човекови права“, вели таа. „Овие тела немаат уставен ранг и владата во Западен Бенгал би требало стрикно да преземе мерки“.

Факт е дека највисокиот суд на Индија повеќепати укажа дека советите ги смета за нелегални. Повеќе организации се обидуваат да го поттикнат парламентот да усвои закон, со кој одлуките на советите ќе бидат прогласени за нелегални.