1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Свет

Индија и „обесправениот пол“

Пред една година почина студентката, која во Њу Делхи беше жртва на групно силување. Случајот отвори широка дебата, но Индија не направи темелни промени. Многумина жените ги гледаат како „обесправен пол“.

„Една година не е ништо. Имам чувство, како тукушто да се случило“ - болката ѝ е впишана во лицето на мајката. Но, и‘ лежи на срце да зборува за својата ќерка. „Никогаш не ја третиравме поинаку отколку нашите синови“, раскажува таа. Семејството многу работело за девојчето да може да оди на училиште, а подоцна и да студира. По мала пауза, таа додава: „Гласот на нашата ќерка и натаму ни одѕвонува во ушите, нејзината насмевка е секогаш со нас“.

Речиси две недели по групното силување девојката лежеше во болница и се бореше за животот, додека во многу индиски големи градови се одржуваа масовни демонстрации и маршеви на молкот. Младите од градската средна класа тогаш застанаа на чело на протестите. Тие бараа праведност, подобра држава и бесилка за силувачите.

Силувањето за првпат јавна тема

Ноќта кон 29 декември 2012. година 23 годишната студентка по психотерапија им подлегна на повредите кои ѝ ги нанесоа со шипка силувачите во автобусот. Судбината на младата девојка ја потресе нацијата. За првпат силувањето стана политичка тема со највисок национален приоритет. Соња Ганди, моќната шефица на владејачката Конгресна партија, по веста за смртта на девојката ѝ се обрати на нацијата: „Нејзината безгранична храброст и нескротливата волја никогаш нема да умрат и никогаш нема да бидат заборавени. Нејзината храброст ја јакне нашата одлучност, да се бориме против бесрамниот и изопачен начин на размислување, кој на мажите во оваа земја им дозволува неказнето да ги силуваат жените“.

Indien Jahrestag Gruppenvergewaltigung

Насилството не престана целосно, но порасна самосвеста на жените во Иднија

Татковците и браќата одлучуваат за животот на девојчињата

Владата навистина ги заостри законите и ја прошири смртната казна за особено брутални случаи на силување. Но, тоа доведе само до мали промени, жените во големи делови од општеството сѐ уште се сметаат за „пол без права“: Татковците и браќата одлучуваат за животот на девојчињата, а подоцна тие преминуваат во сопственост на нивниот избран сопруг.

Политичарката од редовите на левицата, Бронда Карат истакнува: „Не станува збор за прашањето, дали кај мажите се пали зелено или црвено светло кога ќе видат жена. Не!“ Многу повеќе станува збор за тоа дали мажот ја сфаќа жената како рамноправен граѓанин во смисол на уставот, подвлекува Карат: „Тоа е основата на секоја демократија. И токму тука лежи проблемот на Индија.“

Земјата во развој Индија се наоѓа на патот на промени. Токму за жените постојат екстремно различни светови: Од една страна се моќни политичарки, од друга страна се проколнати на невидлив живот во сопствените четири ѕидови. „Нашата улога како слаб пол е само социјална конструкција“, извикува гневно една млада студентка во Њу Делхи. „Ние сме воспитани во духот дека сме слаби“.

По смртоносното групно силување, жените во Индија не доживуваат помалку насилство, но денес многумина од нив му се спротивствуваат со поголема самосвест.