1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Свет

Индија истрела ракета со дострел од 5.000 километри

Иднија пробно истрела балистичка ракета со голем дострел, која е способна да достигне до Европа и далечни региони на Кина.

Индија утрово тестираше ракета со долг дострел која може да биде носач на атомска боева глава. Раководителот на индиската Организација за истражување и развој во одбранбениот сектор Виџај Сарасват потврди дека тестот бил успешен. „Индија денес е нација која има способност да конструира, развие и произведе ракета со долг дострел“, изјави Сарасват додавајќи: „Иднија сега е ракетна сила“.

Со интерконтиненталната ракета „Агни 5“ би можел да се достигне дострел од 5.000 километри.

Владата оцени дека ракетата е важен чекор напред во напорите да се постигне противтежа на кинеската домнација во регионот.

Според досегашните сознанија, со интерконтитентални ракети кои можат да носат боеви глави располагаа само петте постојани земји членки на Советот за безебдност на ОН: САД, Русија, Кина, Франција и Велика Британија.