1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Економија

Индија – земја партнер на годинашнава туристичка берза

Скоро 11 илјади излагачи од 184 држави се претставуваат годинава во Берлин на најголемата туристичка берза во светот. Сите 26 хали се преполни. Земја партнер на годинашниот саем е Индија. Се повеќе нејзини граѓани доаѓаат на одмор во Европа.

Индија бргу напредува на економски план, за со тоа расте и бројот луѓе што можат да патуваат по светот

Индија бргу напредува на економски план, за со тоа расте и бројот луѓе што можат да патуваат по светот

Бизнис атмосфера во филијалата на СОТЦ во Њу Делхи, водечка туристичка организација во Индија. Фирмата секоја година низ светот испраѓа околу 25 илјади туристи. Воздушниот сообраќај годишно расте за 20 проценти, изгледите уште подобри. Околу 300 милиони Индуси се потенцијални патници, иако засега само 6 милиони годишно заминуваат на тури по светот. Европа беше и останува најпопуларна цел, вели Винод Кумар од СОТЦ:

„Сега кон Европа патува не само средната класа, туку и оние што и се приклучуваат. Расположени се своите надпросечни примања да ги потрошат за патувања. Патувањето во странство стана тренд, дел од нивниот живот„.

Швајцарија и Австрија и натаму се најпопуларни, но и Германија и Франција се на тој список, поради природата и културата. Според една студија на Евромонитор интернационал, индиските туристи се одлични муштерии. Секој што доаѓа во Европа во просек троши околу 4 илјади евра. Меѓутоа, истражувачите на пазарот критикуваат дека Европа малку прави за специјалните потреби на Индусите. Туристи како Викас Јаин се жалат:

„Индусите се третираат како туристи од втора класа. Тоа е нашиот впечаток. Во Европа не сме пречекани онака како што ние овде во Индија ги поздравуваме гостите од странство. Таму индиските туристи очигледно имаат помало значење. Не толку во хотелите, колку надвор од нив по улиците„.

Во Европа се ретки специјалните понуди за растечкиот број индиски туристи. Недостигаат информации за местата каде што работат филмаџиите од „Боливуд„, на вегетаријанците често им се сервира патка како храна без месо. Деепа Јаин е одушевена од Германија, но смета дека е штета:

„...што добивма малку индиска храна што е еден од најголемите проблеми на патувањата. Имаме тешкотии и со јазикот. Не се многумина оние во Европа што зборуваат англиски. Повеќе го сакаат сопстевниот јазик, па мораме да се разбираме со раце и нозе„.

Меѓутоа, и властите во Европа им приредуваат тешкотии на туристите од подконтинентот. Тоа за Индусите значи – обврска за визи: голема пречка за најголемиот број туристи, вели тур-операторот Кумар:

„Визата е еден од најголемите проблеми за Индустите што патуваат за Европа. Постојат строги правила. Најчесто патниците лично доаѓаат во амбасадите за да дадат отисок на палецот. Тоа за многумина не е возможно, а се заедно може да влијае врз бројот патници кон Европа. Освен тоа, потребни се повеќе визи за повеќе држави. Би сакале да има една за цела Европа„.

Според тоа, Европа треба бргу да се постави кон клинетите од Индија, препорачуваат туристичките експерти од Евромонитор, зашто инаку, трката можат да ја добијат други региони.