1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Свет

Индија ги брои жртвите од нападите во Мумбаи

Индија ја корегира бројката на загинати во серијата напади во индиската финансиска метропола од 21 на 17. Во нападите се повредени над сто лица, изјави министерот за внатрешни работи, Паланиапан Чидамбарам.

default

Во период од само неколку минути во градот имаше најмалку три експлозии, за кои полицијата смета дека претставувале координиран терористички напад. Засега нема никаква жешка трага за тоа која терористичка група би можела да стои зад нападот а немало ни укажувања од тајните служби за можен напад.

Индискиот премиер, Манмохан Синг, ги осуди експлозиите и ги повика жителите на Мумбаи да останат смирени и единствени. Пакистанската влада веднаш по нападот изрази загриженост поради жртвите.

Американскиот претседател Барак Обама ги осуди нападите, изразувајќи поддршка за индискиот народ и понуди помош за наоѓање на напаѓачите. Германската канцеларка Ангела Меркел и вети на Индија помош од Германија во борбата против тероризмот.

Граѓаните на Мумбаи новиот терористички напад ги потсети на случувањата од 26-ти ноември 2008 година беше кога индиската финансиска метропола беше цел на терористички напади кога добро обучена и вооружена десетчлена група којашто преку морето пристигна од пакистанската метропола Карачи со координирани напади во деловниот центар убија 166 луѓе а потоа два дена беа забарикадирани во елитен хотелски комплекс со пет ѕвездички давајќи жесток отпор на индиските специјалци.

Автор: СН/ТТ/дв, макфакс

Редактор: Борис Георгиевски