1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Вести

Индија – бомба

Во експлозија на бомба во индискиот град Хајдерабад животот го загубија најмалку девет лица. При протестите што уследија полицијата застрела уште тројца демонсранти. Индиските власти сметаат дека зад атентатот стојат исламски екстремисти, кои се залагаат за построго толкување на исламот. Во близината на атентатот полицијата откри уште три бомби. Премиерот на покраинската влада за сојузната држава Андра Прадеш, Раџесекра Реди оцени:

“Ова е намерна саботажа на мирот на нашата сојузна држава. Апелирам секој од граѓаните да соработува со властите во расветлувањето на атентатот.“