1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Панорама

Индијанското пророштво за крајот на светот во 2012

По „Кинг Конг“, „Денот на независноста“ или „Армагедон“ сценаријата за катастрофите станаа составен дел од филмската историја. Без германскиот режисер Роланд Емерих овој жанр веќе не може да се замисли.

default

Ќе се оствари ли пророштвото на Маите?! (на фотографијата: постер од филмот „2012“)

Новиот филм на Емерих, со драматичен наслов „2012“ би можел да ги засени неговите досегашни дела. Во текот на минатиот викенд, „2012“ ја имаше својата европска премиера во Берлин. Приказната се врти околу пропаста на светот која, според претскажувањето на Маите, ќе се случи на 21 декември 2012 година.

„Знаев дека тој календар на Маите постои и дека нивното сметање на времето некогаш завршува. Но, не знаев дека тоа треба да се случи веќе во 2012 година. На интернет пронајдов големо движење кое се вика „2012“ и чија главна основа е пророштвото на Маите. Тоа е една култура која прецизно дава датум за крајот на светот. Тоа потоа го искористивме и за филмот, затоа што одлично се вклопи“, вели Емерих.

Вонземјани кои влијаеле врз развојот на човештвото

Перфектна е и склоноста на Емерих кон вакви сценарија. Режисерот е роден во Штутгарт во 1955, а студирал

Regisseur und Produzent Roland Emmerich

Роланд Емерих се интересира за теориите дека вонземјаните одамна дошле на Земјата

филмска уметност во Минхен. Еден од неговите први филмови „Месечина 44“ му бил влезница во Холивуд. Емерих се интересира за теориите на Ерих Фон Даникен, кој тврди дека вонземјаните одамна дошле на Земјата и влијаеле врз развојот на луѓето. Но, филмовите на Емерих, пред се’, се вртат околу разните опасности за човештвото, како на пример во „Годзила“ или во „Денот на независноста“. Емерих смета дека тој го рефлектира она за што всушност размислуваат луѓето.

„Во последно време се чувствува некој песимизам кај луѓето. Повеќе не веруваат дека претстои светла иднина. Поради тоа постои привлечност кон верзиите за пропаст на светот. Покрај тоа, хероите во моите филмови се обични луѓе, без особени способности. Тие имаат само желба за преживување. Таа комбинација ја создава фасцинацијата во моите филмови.“

Фановите се подготвуваат за нови специјални ефекти

Истата формула Емерих ја применува и во филмот „2012“. Главниот лик Џексон Куртис е неуспешен писател, кој заработува како возач. Но, како што се приближува катастрофата, така и Куртис станува се‘ похрабар и ги преминува сопствените граници во обидот да се спаси, најпрво самиот, а потоа и светот.

Овојпат, меѓутоа, не останува многу простор за да дојде до израз улогата, бидејќи голем фокус е ставен врз специјалните ефекти. Тоа е една нова димензија, која ја прикажува изградбата на огромни бродови во стилот на Ноевата арка, кои би требало да го спасат човештвото од исчезнување.

Во стилот на Холивуд, тоа би можело да се сведе на еден цитат од филмот: „Денес сме едно семејство... Во моментот кога ќе престанеме да се бориме едни за други ќе ја загубиме својата хуманост...“

Автор: Бернд Собола / Борис Георгиевски

Редактор: Елизабета Милошевска Фиданоска