1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Свет

Индиските беспомошни жени

Индија повторно е во шок, откако неодамна двајца мажи сурово силуваа петгодишно девојче. Насилството врз жените во земјата е длабоко вкоренето, а за тоа има повеќе причини.

Уште од староиндиските текстови може да се види дека жената таму имала подредена улога, вели индолгот Ренате Сијед од минхенскиот универзитет Лудвиг Емилијан.

Таа во книгата „Ќерката е несреќа“ интензивно се занимава со дискриминацијата на жените во старата и современа Индија.

„Жената отсекогаш била доживувана како сопственост на мажите. Само мажот можел да биде разумно суштество. Жените биле сметани за неразумни.“

Поради тоа жените постојано морале да бидат контролирани од мажите, обкаснува Сијед.

„Тоа го среќаваме и денес, на жените во Индија не им е допуштено да градат сопствен идентитет. На жената се гледа само како на ќерка или сопруга на некој маж. Така им се одзема независноста“.

Општество во фаза на промени

Индиското општество моментно сенаоѓа во процес на исклучително брза модернизација. Стопанскиот раст е голем,  а Индија како регионална и нуклеарна сила во меѓувреме самоуверено бара место во Советот за безбедност на ОН. Но, на пример способните и образовани и во светот признати компјутерски стручњаци и научници, во Индија се само малцинство.

Indien Protest in Neu Delhi Mädchen wurde vergewaltigt

Протести против силувањата во Индија

Се‘уште две третини од населението во Индија живее на село, од земјоделство. Често, без пристап кон чиста вода за пиење и вода.

Но, тоа не се единствените причини поради кои насилството врз жените е длабоко вкоренето во општеството.

„Секому е јасно дека нашиот правосуден систем не функционира. Полицијата делумно е корумпирана и не е на висина на својата задача“.

Активистките кои се залагаат за женски права ја криотикуваат полицијата дека во случај на силување на жена често ги штити силувачите, особено ако се работи за вмешани богати и влијателни лица. Тогаш жените сами мора да докажуваат дека се случило силување а на преоптоварениот правосуден систем му требаат години додека не дојде до покренување судска постапка.

Културна традиција

Но, има и причини поради кои жените во индиското општество се во лоша положба. Отсекогаш во Индија, за венчавање според хиндуистичките обичаи, од семејството на невестата се барал огромен мираз. Иако тоа веќе со децении е збрането, оваа традиција не е изгасната. Зашто, семејството на невестата би го загубило образот ако не плати мираз. Затоа жените и девојките претставуват голем финансиски товар. Во некои региони, посебно во северните покраини Пенџаб и Харијан, поради тоа последните години се зголеми бројот абортуси кај жените кои носат женски фетус. И оваа пракса е ставена надвор од закон.

Слабо образование

Лошата положба на жените во индиското општество се огледа уште рано во животот на секое девојче. Истражувањата покажуваат дека во многу подрачја жените подолго ги дојат своите синови одоѓто  ќерките. Во семејствата со многу деца, машките имаат прендост кога се работи за образование. Зашто, и натаму важи правилото дека девојката со мажењето ќе го напушти семејството и ќе прејде во домот на  мажот, со што е загубена за сопственото семејство. Затоа на родителите им е исклучително важно да ги школуваат сопствените синови зашто живеат во земја во која не постои систем за социјално осигурување. Индиската влада се обидува да ја искорени и таа традиција. Така школувањето на девојчињата на државните училишта е бесплатно. Писменоста кај жените денеска изнесува 65,4 проценти, додека во 2001 била само 48 насто.

Indien Zugabteile für Frauen

Посебни вагони во возовите за жени

Но, кај мажите процентот е многу повисок.

Сето тоа жените во Индија ги прави лесни жртви, вели индологот Ренате Сијед.

„Тоа е лесна достапност, децата во Индија се на  улици, лесно може да се дојде до нив. А малите девојчиња е лесно да бидат заплашени. Тие се традиционало воспитувани, да бидат добри, послушни и да гледаат авторитет кај мажите“, вели таа. Сеедно, Сијед смета дека кај народ од околу 1,2 милијарди луѓе бројот силувања всушност е помал отколку што сега изгледа.

„Последните грозоморни настани пружаат погрешна слика дека во Индија пропорционално тоа често се случува. Тоа не е вистина.“

Експертите сметаат дека силувањата за кои во последно време толку се пишуваше сепак дадоа и позитивен резултат кој води кон промени. Пред се‘, општеството почна да дебатира за овој проблем.