1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Свет

Индискиот премиер побара смирување на страстите

Индискиот премиер Манмохан Синг денеска (24.12) повика на смирување на страстите во земјата и на заштита на жените, откако во земјата избија протести по силувањето на млада девојка.

„Постои вистинска и оправдана лутина и болка поради овој морничав инцидент“, стои во изјавата на Синг (фото горе), кој повика на смиреност и разум, откако викендот дојде до судири меѓу демонстрантите и полицијата во Њу Делхи.

„Ве уверувам дека ќе ги направиме сите можни напори за да ја обезбедиме сигурноста и безбедноста на сите жени во земјава“, додаде индискиот премиер во обраќањето до нацијата. Тој се соочува со се‘ повеќе критики, бидејќи генерално, во однос на силувањето на студентката, тој молчеше. Дел од

политичарите во Индија сметаат дека реакцијата за силувањето на девојката е бавен и неефикасен одговор и оти таа е засенета од официјалната посета на рускиот претседател Владимир Путин на Индија.

23-годишната жртва, која беше нападната и фрлена од автобус во движење во Њу Делхи, останува во болница во критична состојба. Во градот многу места остануваат затворени од страна на полицијата, а беа затворени и метро станиците, со што е отежнато движењето во 16-милионскиот град. За да ги растера демонстрантите во текот на викендот полицијата користеше солзавец и водени топови. Демонстрантите главно меѓу себе се организира преку социјалните мрежи и нивниот протест беше изненадување за владата.