1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Свет

Ингрид Бетанкур на слобода

Политичарката Ингрид Бетанкур, која повеќе од шест години беше заложник на организацијата ФАРК во Колумбија е ослободена во спектакуларна акција на тајните служби.

default

Ингрид Бетанкур

Повеќе од шест години по нејзиното киднапирање од страна на бунтовниците на организацијата ФАРК, француско-колумбиската политичарка Ингрид Бетанкур е ослободена. На колумбиските тајни служби им усепа спектакуларна акција во која беше ослободена 46 годишната политичарка заедно со уште тројца американски државјани и единаесет други киднапирани. Во акцијата никој не е повреден. Ослободените според првичните сознанија се во добра здравствена состојба. При пристигнувањето во Богота Бетанкур и се заблагодари на армијата и на сите кои изминатите години работеа на нејзиното ослободување.

Веста за ослободувањето на Ингрид Бетанкур во целиот свет предизвика олеснување и позитивни реакции.

Поранешната кандидатка за претседател Бетанкур, во 2002 година за време на изборната кампања беше киднапирана и се сметаше за најважниот заложник на ФАРК во борбата против колумбиската држава. Бунтовниците во заточеништво сеуште држат повеќе од сто лица.

(Наскоро ќе може да прочитате поподробни информации на оваа тема)