1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Економија

Инвестиции, инвестиции...

Бизнисот не познава граници, туку само интерес. Тоа го покажуваат двата најнови примера на инвестиции: една американска во Германија, и една германска во Русија:

График на инвестиции во Германија

График на инвестиции во Германија

Произведувачот на чипови АМД, реши да ја прошири фабриката за чипови во Дрезден во што ќе инвестира 2,5 милијарди долари и ќе отвори нови 420 работни места. Со новата инвестиција вкупните вложувања на Американците во метрополата на Саксонија ќе достигнат 8 милијарди. Во моментов АМД во Дрезден вработува 2 илјади и 800 соработници. Шефот на АМД-Дрезден Ханс Депе:

„Најважно е што по третпат ни успеа во Дрезден да повлечеме нова инвестиција од висок износ, со што обезбедуваме и потенцијал за наредните децении„.

Германскиот министер за сообраќај кој е надлежен и за изградбата на истокот Волфганг Тифензе:

„Дрезден, односно Саксонија, кога станува збор за микро-електрониката, со оваа инвестиција се катапултира на врвот на Европа и во светот. АМД во Дрезден може да се мери со големите конкуренти од САД и Азија. На овој начин се потврдува уште нешто: новите покраини имаат идеални претпоставки за вакви инвестиции„.

Во меѓувреме, германскиот концерн Фолксваген потпиша договор за првата фабрика во Русија. Постројките за финализација во градот Калуга, во близина на Москва годишно ќе произведуваат до 115 илјади автомобили. Освен тоа, претседателот на Управниот одбор на Фолксваген Бернд Пишетсридер најави производство на мал автомобил специјално за рускиот пазар до 2009 година. Концернот од Волсфбург во новата фабрика ќе инвестира околу 370 милиони евра,а ќе обезбеди и нови 3 ипол илјади работни места.