1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Економија

Инвеститорите не сакаат чести промени на законите

Како да се зголеми интересот на странските компании за вложувања во Македонија? Македонскиот претседател Бранко Црвенковски ги собра менаџерите на странските фирми за да ги чуе нивните искуства

default

Црвенковски со менаџерите на странските фирми

Македонскиот претседател Бранко Црвенковски сака да открие зошто изостануваат странските инвестиции во земјата и покрај агресивната кампања на владата „Инвестирајте во Македонија“. Во серијалот Дијалози за Македонија сакаше да ги чуе забелешките и сугестиите на странските фирми кои се веќе присутни во државата.

Забелешки и сугестии на стопанствениците

Менаџерите имаат различни искуства,но главни забелешки се постоењето преголема бирократија и честата промена на законите,подвлече Арис Влахос од советот на странски инвеститори.

Странските фирми бараат поголема стабилност и постојаност во правилата за игра. Кон тоа доаѓаат и забалешките на оддолжувањето на судските реформи и потребата од имотн правна сигурност на странските вложувачи.

На пример руската фирма Лукоил има проблеми со локациите за бензински пумпи кои владата и ги доделила уште одамна.

Менаџерот Николајчо Николов од рудникот Бучим укажа на незадоволството на неговите сопственици од постојаното менување на законите.Индустријата не трпи промени од ден на ден,критикуваше и Антонио Николопулос од Цементарницата Ујсе.

Лошите искуства ќе ја надгласаат кампањата

Претседателот Бранко Црвенковски се сложи дека државата треба да обезбедува стабилност и подобра бизнис клима.Ниедна кампања на владата за инвестирање нема да има ефект ако странските стопанственици во земјата имаат и пренесуваат лоши искуства,беше категоричен претседателот Црвенковски.