1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Економија

Инвестирајте во Македонија!

За вложувања во татковината интерес имаат многу Македонци кои живеат во Германија. За преселба на нивниот капитал помош најави агенцијата “Инвест Македонија” на презентациите во Штутгарт и Минхен

default

Производството на само една автомобилска компонента за Македонија ќе биде голема добивка - дел од капацитетите на БМВ

“Им пожелувам на сите Македонци, да заработат пари и да ги инвестираат во татковината” - ваква порака од Штутгарт до своите сонародници упати Дончо Костадинов од с. Мокрени Струмичко, кој долго години работи во Германија. Тој има приватен авто сервис. Вели, не му е лошо.Но, дома си е дома! Дончо, заедно со повеќемина Македонци кои живеат во Баден Виртенберг присуствуваше на презентацијата на владиниот тим за можностите за инвестирање во Македонија.

Интерес за вложување постои

"Идејата ми е да се вратам во Македонија. Што поскоро, тоа подобро. Десет години работев во Швајцарија, петнаесет сум тука. Се што сум спечалил го инвестирав во Македонија - куќа, земјиште... Сега одам на еден проект, ако ми успее би се вратил доле” - кажува Дончо. Со иста мисла, на презентацијата во Штутгарт од Хајделберг пристигна и Ѓорги Лазаров . Пред 26 години Ѓорги замина од родното Турново. Сега е успешен угостител.Сите во Хајделберг ја знаат кафеаната “Македонија”.

"Кога дојдовме подобро се живееше. Сега има помалку пари. Криза има во цела Европа. Сега ме интересира колку државата може да помогне околу инвестициите. Затоа и сум тука” - кажува Ѓорги кој конечната одлука за инвестирање во Македонија, како вели, ќе ја донесе заеднички со неговите синови.

Александар е во Германија само две години. Студира машински факултет, но иднината ја гледа во татковината.

Кога би се вратил би сакал да работи во некоја голема фирма каква што е Џонсон Мети или Џонсон Контрол.

Сака да собере искуство, да се врати дома и со наученото да и помогне на Македонија.

Патот на инвестицијата

Кому треба да се обратат оние кои сакаат да инвестираат во Македонија? Има ли адмистрацијата задолжена за инвеститорите адекватен капацитет ? Беа прашањата кои на презентациите во Штутгарт и Минхен ги упатија македонските иселеници и претставници на германската бизнис заедница.

Leere Kasse, klamme Finanzen

"Агенцијата е таа која им излегува во пресрет на сите инвестиотори. Во зависност од инвестицијата, ние го отвораме патот кон другите релевантни институции каде заинтересираните ќе добијат подетални информации. Патот е таков за сите - без разлика дали станува збор за македонски иселеници или големи корпорации” - одговори Виктор Мизо директор на Агенцијата “Инвест Македонија”. Кога е во прашање капацитетот на Агенцијата Мизо забележа дека во последниве 10 месеци бројот на вработените е зголемен од 5 на 25. Во наредните три месеци се планира тимот на Инвест Македонија да брои 40 вработени со што ќе може да им се излезе во опресрет на сите заинтересирани.

Атрактивно - производството на автомобилски компоненти

Баварија и Баден Виртенберг се покраините во кои водечкото место го има автомобилската индустрија. Може ли перспектиовно да се очекуваа германските авто производители да инвестираат во Македонија?

" Јас би се сконцентрирал на индустријата за производство на компоненти кои влегуваат во крајниот производ.Нашата локација е многу поволна, како од Централна Европа, така и од Турција кои се водечки во финалното производство на автомобили. Ова дава можност во Македонија да се лоцира еден таков погон кој ќе може да ги опслужува и двата пазари. Ниедна земја во регионот ја нема ваквата можност. Бугарија е можеби географски слична со Македонија, но таму нема големи компании како Џонсон Контрол и Џонсон Мети. Србија, пак, е подалеку од турскиот пазар. Имаше неколку компании кои во Штутгарт и Минхен се интересираа за Македонија. Не би ги споменал по име, но го најавија своето доаѓање во Македонија за да ги видат на лице место можностите за инвестирање” - изјави Виктор Мизо, директор на Инвест Македонија. Тој кој заедно со владиниот тим наредната недела во Истанбул пред турските стопанственици ќе ги презентира можностите за вложување во Македонија.