1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Теми на денот

Инаугуриран новиот Папа Бенедикт 16

default

Новиот поглавар на Римокатоличката црква, Папата Бенедикт 16 денеска на свечената миса на плошатдот Свети Петар во Рим беше свечено воведен во должноста,при што му беа прерадени наметката и прстенот со ликот на Свети Петар.

На церемонијата присуствуваа околу 350 илјади луѓе,меѓу нив повеќе од 200 шефови на држави и на влади.

Во својата прва проповед Папата Бенедикт 16 ги повика христијаните на единство,а пред се младите,да веруваат во Господ.Тој подвлече дека сака својот мандат да го води во колегијалност и соработка.

Сиромаштијата,гладот и осаменоста се нешта што веќе не смеат да се шират во светот.

Поранешниот кардинал Јозеф Рацингер стана 265 Папа во историјата на црквата и осми германски нејзин поглавар.

Меѓу присутните гости во Рим беа и германскиот претседател Хорст Келер и канцеларот Герхард Шредер.