1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Свет

Инаугурација на српскиот претседател Николиќ

Денеска во Белград свечено ќе биде инаугуриран новиот српски претседател Томислав Николиќ. На церемонијата ќе присуствува еврокомесарот за проширување Штефан Филе, но ќе изостанат повеќето лидери од регионот.

Свеченост по повод инаугурацијата на претседателот на Србија Томислав Николиќ ќе се одржи денеска во зградата на претседателството во Белград.

На свечената церемонија ќе присуствуваат претставници од Србија и од светот, но не и лидери од земјите од регионот, со исклучок на претседателите на Црна Гора и на Република Српска, Филип Вујановиќ и Милорад Додик.

Меѓу гостите ќе биде еврокомесарот за проширување Штефан Филе, кој претходно ќе има билатерална средба со претседателот на Србија.

Томислав Николиќ на 31 мај положи заклетва во парламентот со што стапи на должност претседател на Србија.