1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Панорама

Инаугурација на сонот

Со танц, солзи, веселба и барабани во њујоршкиот кварт Харлем беше прославено стапувањето на функцијата на новиот американски претседател. Инаугурацијата на Барак Обама за многу афроамериканци е настан на столетието.

default

Им се врати оптимизмот на Американците

Mолитви за Обама се слушаа за време на преносот на чинот на положувањето на свечената претседателска заклетва. Бог нека го заштитува новиот претседател, вели една жена и му се заблагодарува на нејзиниот Творец, што може да го доживее овој ден. Илјадници луѓе со беџеви и капчиња со ликот на Обама вееја знамиња и плачеа, додека го слушаа нивниот претседател како полага заклетва на функцијата.

„Овде се пишува историја, има промена и надеж. Никогаш повеќе насилство. Ова е нов почеток“.

Obama Inauguration Fan Souvenir Baseball Kappe

Сувенирите со Обама се најбарани

Остварување на сонот

Адам, Џејком, Ливај и Џими стојат заедно со стотици други ученици во салата „Харлем Ермори“, каде што одвреме-навреме играат кошаркарите од „Харлем Глобтротерс“, за да го доживеат овој нов почеток.

„Мислевме дека никогаш нема да го доживееме овој ден. Но, сега можеме да им кажеме на нашите црни момчиња и девојчиња дека можат да го прават сето она за што сонуваат“, вели нивната учителка, госпоѓата Вокер.

Тоа е „Инаугурација на сонот“. Под ова мото преку три илјади ученици во Харлем го доживеаја овој ден. Тие имаа бенд, танчарска група и хор. Тие пееја „Yes we can“ („Да, ние можеме“), танцуваа, го извикуваа името на Обама, го цитираа Мартин Лутер Кинг и постојано повторуваа „We have a dream“ („Имаме сон“).

Црнец-претседател значи дека се’ е можно, вели Дејвид, додека го исчекува моментот на положувањето на заклетвата. Во исто време, петнаесетгодишниот ученик црта автопортрет и над него запишува „Да, јас можам“.

Obama Inauguration

Насмеани лица

Овој ден претставува мотивација за сите, сеедно е дали некој доаѓа од Бронкс или од Харлем и каква боја на кожата има, вели 11-годишната Челзи.

„Не е важно дали си бел или црн, можеш да бидеш и портокалов, воопшто не е важно“, порачува Челзи.

Но, може ли сонот да ја плати и киријата?

По чинот на положувањето на претседателската заклетва, кафулињата, рестораните и баровите во Харлем нудеа инаугурациски вечери, а многу луѓе организираа приватни забави. Облеката на денот се продаваше на 125. улица. Еди продава маици со ликот на Обама со многу штрас. Но, воопшто не го интересира тоа што новиот претседател има иста боја на кожата со него.

„Со првиот црн претседател на САД не можам да си ја платам својата кирија. Прво морам да платам кирија. На мојот газда му е сеедно дали Обама е првиот црн претседател на САД. Тој сака на почетокот на месецот да му биде платена киријата“, вели Еди.

Значи, Обама треба добро да се продаде на неговите маици. Покрај тоа, има и Обама-беџеви, семејството Обама како магнет за фрижидери, најразлични портрети на 44. претседател во позлатени рамки. И конечно, Обама-календар, затоа што почнува ново сметање на времето. За десерт има Обама-пита од грав и Обама-колач.

„Тој е направен од грав, шеќер, млеко, путер и многу, многу Обама-љубов“, вели продавачот Еди.