1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Економија

Им одѕвoни на играчките „меид ин Кина“?

Класичните добро изработени играчки повторно се во мода. Германските производители на играчки бележат рекордни нарачки, а многумина за да го поправат имиџот го повлекуваат производството од Кина.

default

Многу компании го подобрија имиџот со повлекувањето на производството од Кина

Пред пет години американскиот производител на играчки „Мател“ повлече од пазарот над 1,5 милиони играчки произведени во погоните во Кина. Играчките беа обоени со бои, коишто содржеа недозволено високи количества на олово. Тоа беше само еден од примерите кога играчките од кинеските фабрики не ги задоволија стандардите на западните пазари, но опсегот на овој скандал ја поттикна на размислување целата бранша.

Враќање на класичните играчки

Neuheitenschau 63. Internationale Spielwarenmesse Nürnberg

Саемот на играчки во Нирнберг е најголем на светот од тој вид и се одржува по 63 пат

Од тогаш многу нешта се променија во областа на производството на играчките. Улрих Бробајл од германското здружение на производители на играчки сведочи за тоа дека многу работи се промениле, посебно во однос на сигурноста на играчките.

„Работиме зајакнато на наобразбата на стручниот кадар, а поставивме на интернет и табела со актуелните правила. Освен тоа, сами контролираме дали во играчките се наоѓаат недозволени супстанции“, вели Бробајл.

Во последните неколку години на германските производители им оди од рака и трендот на навраќање кон класичните играчки и кон поквалитетните материјали, кои по правило не се произведуваат на Далечниот Исток. Тоа е видливо и од понудата на годинешниот саем на играчки во Нирнберг, којшто почнува денеска (01.02.).

Jahresrückblick 2009 Insolvenz Märklin

Модел на локомотива од фирмата „Мерклин“

На најголемиот саем на светот од тој вид претставниците од браншата имаат причина за задоволство. По повеќегодишна криза, германската индустрија на играчки од 2009-та година забележува постојан пораст. Во 2011-та година во Германија се продадени шест проценти повеќе играчки отколку во претходната година. „На германските производители во моментов им оди многу добро“, вели Бробајл.

Квалитетот чини

Но, претставниците од браншата во пресрет на саемот забележуваат и еден друг тренд – се’ повеќе глобални марки на играчки го селат производството од Далечниот Исток во Европа. Додека до неодамна 70 проценти од сите играчки се произведуваа во Кина, во последно време таа вредност се намалува и тоа за пет проценти годишно и тој тренд продолжува“, вели Бробајл.

Neuheitenschau 63. Internationale Spielwarenmesse Nürnberg

На саемот во Нирнберг до шести февруари 2 800 излагачи ги претставуваат најновите кукли, игри и останати играчки

Впрочем, тоа што најнапред ги привлече компаниите во Кина – евтината работна сила и суровините, сега е причина за враќање на Запад. Меѓу компаниите кои го повлекоа своето производство од Кина е и најпознатиот производител на кадифени играчки „Штајф“, којшто уште пред неколку години го затвори својот последен погон во Кина и го пресели во Германија.

Познатиот производител на железнички макети „Мерклин“ од неодамна повеќе не произведува во Кина, туку во Источна Европа. Токму примерот на „Мерклин“ е значаен за подемите и падовите во браншата на производителите на играчки. Оваа компанија во 2009-та година отиде во стечај, по неуспешната епизода со странските вложувачи, на кои им беше само до името на компанијата, но не и до квалитетниот производ „Made in Germany“.

Сега на „Мерклин“, а и на целата бранша и’ оди добро, а тоа е благодарение на промената во начинот на размислување на купувачите, кои по бројните скандали засилено бараат квалитетен производ, па дури и ако е поскап од конкуренцијата од увоз.

Германските производители обрнуваат големо внимание на квалитетот, а се чини дека родителите, по бројните вознемирувачки вести, се подготвени да издвојат неколку евра повеќе за играчка, која нема да им наштети на нивните деца.

Автор: Моника Ломилер / Александар Методијев

Редактор: Жана Ацеска

Поврзана содржина