1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Свет

Импулси за екологијата

Претставници на земјите членки на конференцијата за климата на ОН и потписничките на Кјото протоколот изминатите денови во Бон работеа на подготовка на светската климатска конференција, што ќе се одржи во Копенхаген.

default

Бон, учесници на конференцијата

На првата средба во Бон може да се констатира дека е постигнат чекор напред: „Постигнавме напредок, страните преговараа меѓусебно и многу се појасни работите околу четирите главни теми. Многу празнини, особено практичните прашања, почнаа да се затвораат.“ - вака секретарот за клима на ОН, Ив де Боер ги презентираше резултатите од единаесетдневната средба во Бон. Ставовите беа приближени, а се работеше во „позитивна атмосфера“, за која уште на самиот почеток на конференцијата се погрижи претставникот на САД, Тод Стерн. Тој најави дека САД повторно учествуваат во креирањето на светската климатска политика. Имено, сите знаат дека без САД не оди ништо.

Но, иако е светски првак во емисијата на штетни гасови во атмосферата, Кина сериозно се приближува до вредностите, кои ги има Америка. Двете земји заедно се одговорни за 41 проценти од емисијата на штетни материи во атмосферата, на глобално ниво. Но, во подем се и индиската и економијата на Бразил - и тие земји испуштаат големо количество штетни гасови.

Niederländischer UN-Klimasekretär Yvo de Boer vor den Verhandlungen für die Klimakonferenz

Секретарот за клима на ОН, Ив де Боер

Дали и колку, земјите во развој треба да ја ограничат емисијата на гасови, штетни за климата? И двете земји не сакаат да се откажат од натамошен пораст, ни од продукцијата. Сепак: „Кога станува збор за земјите во подем, на сите им е јасно дека и тие треба да дадат свој придонес за ограничувањето на емисијата на штетни гасови. Кина, Индија, Бразил, Мексико, Јужна Африка и многу други земји веќе имаат стратеги за борба против промените на климата.“

Амбициозна цел

Пред се’ богатите индустриски земји, вистинските причинители на климатските промени, мора да ја намалат емисијата на штетни гасови. Европската унија си постави амбициозна цел: до 2020 година да се намали емисијата на штетни гасови за 30 проценти, во споредба со емисијата во 1990 година, но под услов да учествуваат и другите индустриски земји.

Изминативе денови во Бон се водеа само предразговори воочи самитот за климата во Копенхаген во декември годинава. Дотогаш треба да се надминат уште многу пречки. Четирите најважни точки кои треба да ги содржи договорот наследник на Кјото протоколот се: утврдување на обрзувачки цели за емисија за штетни гасови за индустриските нации, утврдување на обврските на големите земји во подем како Кина, Индија и Бразил, финансирање на мерките за намалување на емисиите во земјите во подем и утврдување на финансиската структура за порамнување на плаќањата за сиромашните земји.

Автор: Хеле Јепесен / Александра Трајковска

Редактор: Жана Ацеска