1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Европа

Имигрaнт се самозапалил во Атина

Странец, за кој се претпоставува дека е имигрант по потекло од Иран, утрината се самозапали во центарот на грчкиот главен град Атина, по што набрзо им подлегна на здобиените повреди.

Несреќата во главниот град на Грција се случила во 7 часот изутрината кога мажот, според очевидци, се полеал со запалива течност и се запалил. Полицајците, но и случајни минувачи, кои биле во близина, се обиделе да го изгаснат пламенот, но сепак несреќникот, кој се здобил со силни изгореници, починал на пат за болницата.

Во близина на местото на несреќата бил пронајден паричник со документи, а атинската полиција соопштила жртвата е 28-годишен Иранец. Мотивите за ваквиот чин засега не се познати