1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Македонија

Име, па влез во ЕУ?

Дали ЕУ е на пат да постави услов за пристап на Македонија идентичен со оној на НАТО од Самитот во Букурешт? Тоа би значело почеток на пристапните преговори само со решен спор за името со Грција.

Како што јавува дописникот на агенцијата МИА од Брисел, станувало сѐ појасно дека ЕУ би можела да постави услов за почеток на пристапните преговори со Македонија само со решен спор за името со Грција. Ова произлегувало оттаму што во претстојниот извештај на Европската комисија за Македонија, освен нова, петта по ред позитивна препорака за почеток на преговорите за членство, неформалната влада на Унијата ќе предочи дека без одлагање ќе мора да се реши спорот со Грција.

Тоа би значело дека Брисел оди по патот на Алијансата, чиј заклучок од Самитот во 2008. година дека Македонија ќе стане дел од НАТО откако ќе се договори за сопственото име со Грција, деновиве во Атина го повтори и генералниот секретар Андерс фог Расмусен.

Инаку, како што претходно објави МИА, позитивниот извештај за Република Македонија, што еврокомесарот за проширување Штефан Филе ќе го објави в среда (16.10), покрај нова препорака за преговори, што значи дека земјата ги исполнува сите услови, уште еднаш само двапати ја содржи придавката „македонски”, а од Македонија ќе се побара и воведување на медиумска култура.

Во Еврокомисијата официјално не сакаат да коментираат ништо околу извештајот додека не го објави комесарот Филе.