1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Македонија

Името пред НАТО и ЕУ

За држава со евроатлански приоритети, тоа е лошо завршена година за нејзината дипломатија и меѓународна позиција, оценуваат експертите. Континуирано опаѓа и евроентузијазмот, а земјата и натаму е во транзиција.

default

Меѓу другото, годината ја одбележаа и протести за задржување на уставното име

“Оваа политика го раѓа евроскпетицизмот, не гледам дека правиме нешто за да ја задржиме досегашната висока доверба во евроинтегративните процеси“, критикуваше Владо Бучковски.

Нему му реплицира министерот за надворешни работи, Антонио Милошоски, со зборовите: “Импресивно делува довербата што ЕУ ја има во Македонија.Има голем евроентузијазам што е добар феномен и силен аргумент на нашата политика, иако државата се соочува со континуирани блокади од Грција“. Милошоски на на крајот од 2010 година јавно побара Атина да покаже ервопско однесување и волја за компромис околу името.

За владино-државниот врв, пред се` за премиерот, континуираното грчко вето е главната причина за застојот во сојузништвото со ЕУ и НАТО, додека за опозицијата тоа е алиби-политика. СДСМ тврди дека кај владата нема волја за компромис. Во последниот јавен настап во македонскиот парламент, претсдеателот на државата, Ѓорѓе Иванов, доби аплауз од владејачкото мнозинство за ставот. “Не е прифатливо да се преговара за решение што задира во нашиот идентитет, јазик, устав, како чувар на нашиот суверинитет“

На ова реагираше неговиот претходник и сегашен челник на опозцијита Црвенковски.“Решение за спорот не може да се пронајде за шест месеци и со тоа да се стане членка на НАТО. Ние сме исправени пред позиција дека не може и име и членство во алијансата“.

Решавањето на спорот околу името ја предизвика и осмата средба на грчкиот и македонскиот премиер, Никола Груевски и Јоргос Папандреу. Нивниот непосреден дијалог, како и јавните шпекулации дека Скопје и Атина одржуваат паралелни тајни билатерални преговори, ја замрзна медијацијата на Метју Нимиц и покрај неговите протоколарни средби во Њујорк со Иванов, Милошоски, Папандреу и Друцас. На почетокот од годината, посредникот разговраше и на својата регионална турнеја, но во Скопје во февруари,тој беше категоричен.

“На маса и натаму е сет идеи, веќе еднаш објавени, но не и за идентитески прашања“. Дел од јавноста беше скептик кон оваа порака од медијатрот.

Скопје како (не)пожелна дестинација за светските политичари

Soren Rasmussen Generalsekretär der Nato besucht Skopje

Андерс фог Расмусен не ја одмина Македонија

Американската администрација беше активна во контактите со властите во Македонија, а еден од емисарите, сенаторот Џорџ Војновиќ, побара Мкаеоднија да ги продолжи преговорите и со политика на “флексибилност да ја забрза постапката за прием во НАТО“.

Во државата беа и водечките личности од Брисел, генралниот секретар на НАТО, Андерс фог Расмусен, еврокомесарот Штефан Филе, додека претседателот на Европскиот совет, Херман Ван Ромпој, по средбата со премиерот Груевски, беше пријателски настроен кон него лично, но и во стимулирањето на владата да продолжи со рефромите што ги бара ЕУ.

Македонскта метропола ја заобиколија американскиот државен секретар Хилари Клинтон и шефот на германската дипломатија Гидо Вестервеле, кои беа на балканска турнеја. Државно-владиниот врв реализираше самити со лидерите од соседството – Бериша, Борисов, Тадиќ, Јосиповиќ, а македонскиот премиер за првпат влезе во резиденцијата на британскиот колега Дејвид Камерон на „Даунинг стрит“ во Лондон.Од друга страна, грчкиот шеф на дипломатијта ја одби поканата на својот македонски колега за билатерна посета на Скопје. Милошоски не беше повикан на разговорите во Софија, каде неодмна беа српкиот Јеремиќ, грчкиот Друцас и домаќинот Младенов.

“Ние со Бугарија имаме добри однсои, повремено има стари прашања од историјата, но проблемите не се како со Грција,“ оцени Груевскуи во интервју за ТВ Канал 5. И покрај иницијтивата од бугарскиот премиер Бојко Борисов, Скопје и Софија не ги доближија разликите околу некои одредби за малцинските права и македонскиот јазик, во понудениот договор за добрососедство. Од останатите натсани што ги одбележаа меѓусоседските односи беше и воспоставувањето дипломатски односи со Косово, откако Македонија ја призна неговата независност.

Во Скопје есеноска се одржа голем меѓународен собир за исламот на Балканот. “Исламот е мирољубива религија и уверување што не врши пресија врз луѓето и нивните убедувања“, кажа во МАНУ Екмеледин Ишинаглу, генерален секретар на Исламската конференција со педесетина членки и над една милјарда верници. Собраните светски експерти говореа дека само во Македонија се сочувани сите артефактите од времето на османлиството во регионот.

Прегледот продолжува на следната страница со лустрацијата и офанзивата на опозицијата.