1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Македонија

Името останува услов за влез во НАТО

Новиот генерален секретар на НАТО Андерс Фог Расмусен не отстапува од позицијата - прво решение за името, па членство. Македонија го зголемува своето учество во мисиите на НАТО во Авганистан.

default

Премиерот на Македонија и генералниот секретар на НАТО

Земјата се подготвува во март да испрати и воени инструктори кои ќе ги обучуваат авганистанските сили и тоа во една од најризичните зони во Авганистан. И за Брисел и за НАТО ова е доказ дека Македонија ги почитува преземените обврски кон Алијансата иако не е полноправна членка.

Belgien NATO Generalsekretär Anders Fogh Rasmussen zu Afghanistan

Андерс Фог Расмусен очекува прагматичност од Македонија и Грција

Расмусен очекува од Грција и Македонија да покажат прагматичност и инвентивност во решавањето на спорот, а Груевски ја префрли одговорноста кај Грција. Се чини дека нема никакво поместување по ова прашање.

„Го цениме напредокот во Акцискиот план за членство како што го цениме и учеството во нашите мисии во Авганистан, но морам да истакнам дека е предуслов за натамошен напредок во нашите односи да се пронајде заеднички прифатливо решение за името, и за ова нема скратени патишта. Ние јасно кажавме на самитот во Букурешт во 2008 ќе започнеме преговори за членство со Скопје штом се дојде до заеднички прифалтиво решение. Овој проблем е пречка и ги повикувам двете страни да

Mazedonischer Ministerpräsident Nikola Gruevski

Никола Груевски ја префрли одговорноста врз грбот на Грција

покажат прагматичност“, рече Расмусен во Брисел.

Груевски, пак, со оценка:

„Очигледно е дека најголема улога игра Атина и волјата на владата во Атина да го реши спорот и да престане да не‘ блокира. Слушам овде во НАТО дека вратите се отворени, но согласно правилата воНАТО треба да има консензус и треба сите земји членки да гласаат за. Доколку една земја е против - нема членство! Тоа ни‘ се случи. Ја гледам одговорноста кај земјата што блокира.“

Расмусен и Груевски поминаа 20-тина минути очи в очи денеска, но никој не ги соопштува деталите од средбата, која се случи по барање на македонскиот премиер.

Ова е првата средба на Груевски со Расмусен откако тој стана генерален секретар на Алијансата минатата година.

Автор: Тања Милевска

Редактор: Елизабета Милошевска Фиданоска