1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Македонија

Името останува главна пречка за Македонија во НАТО

Шефот на македонската дипломатија Никола Попоски во Брисел присуствуваше на редовниот состанок со Северноатлантскиот совет. Македонија добила поддршка и благодарност за учество во мировните мисии на НАТО.

default

Спорот за името останува единствена пречка за зачленување на Македонија во НАТО алијансата, изјави македонскиот министер за надворешни работи Никола Попоски по завршување на редовниот годишен состанок на Република Македонија со Северноатланскиот совет во Брисел.

Nikola Poposki

Македонскиот министер за надворешни работи Никола Попоски

„Името останува извор на фрустрација бидејќи го попречува актот на зачленување во НАТО. Сите наши партнери се надеваат дека овој проблем ќе биде тргнат од маса и дека ние конечно ќе бидеме рамноправен член на НАТО Алијансата“, изјави Попоски.

Тој ги уверил своите колеги дека пописот ќе се одржи тогаш кога ќе постои клима која ќе овозможи резултати што ќе бидат компатибилни со методологијата на Еуростат.

Toj посочи дека учесниците изразиле поддршка и благодарност за учеството на Армијата на Република Македонија во мировните мисии.

Автор: БГ/СН/миа

Редактор: Жана Ацеска

DW.COM